Едно од најголемите имиња во светот на напредните технологии, Елон Маск, најави нешто што еминентните научници го зборуваат веќе одамна – треба да станеме киборзи за да преживееме. И без страв – тука не мислиме на лоши киборзи како од филмот „Терминатор“ (иако е сликан до него, заедно со претседателот на Toyota :)), иако ваквата технологија би можела да има и негативни страни.

Тој ова го изјави на “World Government Summit” во Обединетите Арапски Емирати, порачувајќи дека: „Со текот на времето мислам дека веројатно ќе видиме потесно поврзување меѓу биолошката интелигенција и дигиталната интелигенција“. Тој ова го објаснува со лимитираната преработка на податоци на луѓето – машините веќе се илјадници пати подобри во овој аспект.

Како пример тој ја спомна технологијата за автономно возење, која многу наскоро би можела да биде причина милиони луѓе веќе да немаат работа, алудирајќи на професионалните возачи. На овие луѓе ќе мора да им се најде нова улога во општеството инаку ќе има вистински проблем со тоа што ќе прават тие.

Засега, проблемот на компјутерите е што тие се еднодимензионални. Имено, систем за автономно возење може да го вози автомобилот, но не може да пишува поезија. Луѓето се многу повеќе димензионални од компјутерите и веројатно ќе треба да помине подолго време пред да имаме такви компјутери со вистинска вештачка интелигенција, кои ќе можат да се надградуваат на повеќе полиња.

Елон Маск инаку објасни дека поврзувањето на компјутерот со човекот би требало да биде преку ставање на компјутер со висок проток на податоци во самиот мозок на човекот. Ова би било најдоброто од двата света – киборзите би биле повеќедимензионални и би имале неверојатно висока способност за преработка на информации.

Вакво нешто веќе и ни најави Гурудут Банавар на Macedonia 2025 самитот, кој е еден од главните луѓе во светот кога ќе се спомне „вештачка интелигенција“. Тој неколку пати повтори дека иднината на вештачката интелигенција е во поврзување со луѓето, односно преку користење на неговите предности во подобрување на компјутерите и обратно.

Извор: ARS Technica, The Verge, Wired

Претходна статијаИндија е една од најзагадените земји во светот
Следна статијаLegion е свеж и оригинален пристап кон мутантите на Marvel