8

Вчера во Велестово, Охрид официјално започна второто издание на летниот камп за претприемачи и стартапи познат како StartQube, кој ќе трае една недела. Во текот на настанот, 15тина учесници, 4 ментори и организаторите живеат заедно и споделуваат идеи и искуства за градење бизниси и развивање на идеи до бизнис. Во текот на кампот преку 14 работилници кои ја сочинуваат уникатната програма на StartQube од А до Ш се покрива развивањето на една идеја до целосен и самоодржлив бизнис.

Летниот камп е организиран од Здружението за развој СТАРТАП ЗОНА, кое се фоксуира на овозможување на различна поддршка за младите кои имаат желба да започнат свој бизнис. Учесниците на StartQube покрај што живеат заедно со менторите на настанот, имаат и можност заедно да работат на развој на бизниси според методологиите на дел од најуспешните претприемачи. Менторите на StartQube се истакнати професионалци со повеќегодишно искуство во развивањето на стартапи и градењето на одржливи бизниси. Оваа година ментори на настанот се Tracy Sparks (USA), Matthias E.Zeitler (Austria), Celik Nimani (Kosovo) и Armin Konjalic (Bosnia & Herzegovina).

1

„StartQube претставува една прекрасна платформа за претприемачи во рана фаза, за интензивно учење, структурирано вмрежување и инстантна соработка во текот на неколку дена во планините над Охрид. Среќен сум што бев поканет да споделам дел од моето претприемачко искуство со групата и да реализирам нови конекции во растечкиот македонски стартап екосистем“, изјави Matthias E.Zeitler, еден од менторите на настанот. Matthias е независен претприемач од Австрија кој зад себе има неколку успешни стартап компании и моментално работи на развој на нов стартап. Пред да стане дел од стартап светот, бил дел од извршниот менаџмент во неколку водечки компании за локализација. Еден од неговите проекти и визии во моментов е и отворање на co-working простор во планините во Банско, Бугарија.

StartQube завршува во четврток на 25ти август со pitch презентации на секој учесник и мала завршна церемонија.

Настанот е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME), која е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact,  во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус, како и од страна на SECO Entrepreneurship Programme, која е исто така програма на Швајцарската агенција.

Веб страна на настанот: StartQube Macedonia

Претходна статијаКомпјутерски научници бараат да се намали растот на Интернетот
Следна статијаIntel претстави 50% помоќен Atom чип, но тој нема да се вградува во телефоните и таблетите