Нема многу ИТ компании во класата на Google, па во годината гледаме само 2-3 конференции кои навистина вредат и не треба да се пропуштат. Се разбира, во оваа група ги ставаме и Microsoft и Apple, кои имаат слични конференции.

Оваа недела е време за Google I/O конференцијата насочена кон програмерите, но информациите кои се претставуваат се интересни и за обичните корисници.

Како и обично, на оваа конференција може да се дознае повеќе за развојот на нова верзија од Android, останатите технологии на кои работи Google, како вештачка интелигенција, апликации и повеќе.

Вчера беше првиот ден од конференцијата која се одржува секоја година во Сан Франциско, Калифорнија, а ќе трае до утре, односно 19 мај.

За што се говореше на вчерашниот ден, односно што се ќе биде презентирано до крајот на конференцијата, можете да прочитате во статиите кои следат.

Претходна статијаGoogle Pixel 2 ќе има и верзија со дисплеј поголем од 6 инчи?
Следна статијаGoogle Lens – нова ВИ камера која ќе ги препознава работите околу нас
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.