Преку Turo секој може да го изнајми својот приватен автомобил, но исто така да го изнајми совршениот автомобил за своите потреби

Загреб – 17 јуни 2017 – За својот десетти роденден Weekend Media Festival ќе го угости Turo, водечка светска компанија за peer-to-peer споделување на автомобили. Како би го одбележале овој настан, Turo низ еднократна промоција ќе ги понуди своите услуги во Хрватска за време на Weekend Media Festival.

Turo е еден од поуспешните американски старт-апи кои имаат пораснато на принципот на економијата на делење. Основан е во 2009 година во Сан Франциско. Сопствениците на автомобили преку платформата можат многу едноставно да го изнајмат својот автомобил додека не го користат за на тој начин да заработат, а било кој може со еден клик на апликацијата на изнајми автомобил за своите потреби. Бизнис моделот е едноставен: на е исплатливо да имате автомобил кој всушност стои паркиран во поголемиот дел од времето, а на овој начин автомобилот се исплаќа самиот себе.

Се користи во повеќе од 4.700 градови во САД, Канада, Британија со што има пораснато во заедница која брои повеќе од 3 милиони членови. Секој член во просек заработува по 534 долари месечно, што е повеќе од доволно за покривање на месечните трошоци за автомобилот.

„Возбудени сме за доаѓањето на Weekend Media Festival“, изјави Матеус Риолфи, директор за меѓународното ширење во Turo. „Се веселиме што на учесниците на фестивалот ќе можеме да им претставиме барем дел од она што го прави Turo посебен и за сопствениците на автомобили и за патниците“.

Десеттиот Weekend Media Festival оваа година се одржува од 21 до 24 септември во просториите на старата фабрика за тутун во Ровињ, под покровителство на Adris групата. Во своето прво десетлетие Weekend има примено вкупно 45.000 учесници: 1.000 предавачи, 35.000 медиумски, маркетиншки и ПР професионалци, 3.500 студенти и 5.000 акредитирани новинари од целиот регион. Се има позиционирано како најголемиот комуникациски фестивал во југоисточна Европа, а прв ги има најавено и некои од топ трендовите како што се мобилното огласување, native огласувањето, дигитализацијата, programmatic и blockchain.

Weekend не е резервиран само за предавања и дискусии, туку е место за забави и нетворкинг кој оваа година ќе биде подигнат на едно повисоко ниво. Добро осмислен музички програм отсекогаш бил еден од најсилните адути на фестивалот, а оваа година ќе има и изненадувања прилагодени на големиот јубилеј.

Претходна статијаДиректор на Samsung Mobile потврди: Note 8 ќе биде лансиран на крајот од август
Следна статијаNokia 8 е најмоќниот телефон со Android на компанијата со двојна Carl Zeiss камера