Веќе сме навикнати да ги чекаме претставувањата на новите модели на паметни телефони од најпознатите производители, проследени со голем број на неофицијални информации до официјалното претставување. Сепак, слободно може да се каже дека овогодинешниот модел од Samsung, односно S8-цата, привлече најголемо внимание.

Главната причина за ваквата ситуација е се разбира проблемот со батеријата којшто се јави кај Note 7 моделот, па од компанијата не само што останаа со нарушен углед, тие останаа без главен модел подолго време од вообичаеното.

После повеќе шпекулации и најави за тоа кога може да го очекуваме претставувањето на Galaxy S8, Samsung конечно излезе со официјална информација. Galaxy S8 ќе биде претставен во Њујорк на 29-ти март, односно за еден месец од сега.

Дека оваа година својот главен и најнов модел Samsung нема да го најави традиционално на MWC настанот беше веќе најавено, а исто така беше најавено дека датумот ќе биде објавен на овој настан, како што и се случи.

Како и обично, претставувањето на S8 ќе може да се гледа во живо преку страната на Samsung, односно нивниот YouTube канал. Како и да е, сите потребни информации околу следењето на настанот ќе ги објавиме на време.

Што би можеле да кажеме за S8-цата со оглед на огромниот број на неофицијални информации. Треба да дојде во неколку варијанти, да ги користи најновите компоненти достапни на пазарот во овој момент, а се очекува и користење на многу мала рамка околу екранот.

Со објавата на датата кога ќе биде претставен овој долгоочекуван телефон, од Samsung го пуштија и следното видео.

Извор: Cnet, The Verge, Engadget

Претходна статијаG6 е смартфон кој го враќа LG на сцената
Следна статијаГиковите се неодоливи: 6 филмови коишто го докажуваат тоа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.