(09.12.2016, Скопје) Од своето отворање до денес Капитол Мол цели кон задоволувањето на вкусовите на секој посетител. Таа мисија полека прераснува во навика која Капитол мол ја негува веќе 3та година по ред. Во топол амбиент кој штити од временските услови во секој дел од годината Капитол мол секојдневно ги привлекува сите кои сакаат добри модни парчиња, книга, забава, фитнес, шопинг, куглање, кафе и храна.

Забавата и шопинг маратонот се закажани за овој викенд, така што за првиот ден, сабота, 10.12.2016 ќе настапат Brass Brothers и Sarah Mace. Вториот ден од роденденот, недела, 11.12.2016, посетителите ќе можат да се забавуваат со музички Dj сетови, додека пак на самиот роденден – понеделник 12.12.2016, Капитол организира забава со Dj Панчо и Димитар Андоновски.

Капитол за најмалите подготви богата програма и бројни игри и забава. Децата во сабота ќе можат да пеат, танцуваат и да креираат честитки за време на роденденскиот предизвик на центарот. Нивното радување ќе нема крај и во недела кога од 13.00 часот ќе се одржи „Волшебната роденденска претстава“. Останатото време од 3 дневниот роденден тие ќе го поминат во детски натпревари во куглање, спортски активности, дружење со Академијата „Вардар“, часови по англиски и музичко, графичка работилница, караоке, аниматори и жонглери.

За шопингот да биде забавен и опуштен за време на роденденот Капитол мол, во соработка со Групер, приреди бројни попусти кои ќе можете да ги погледнете на следниот линк: https://grouper.mk/deal/capitoll-mall-3godini

Роденденот на Капитол мол е вистинска прилика за загревање и шопинг пред празниците, одлична можност да се најдат совршените подароци во забавна атмосфера. Центарот со години придонесува со забавен шопинг и очекува да продолжи со исто темпо во иднина. Капитол мол константно ги вложува сите свои ресурси и енергија да биде место за сите генерации.

Претходна статијаBluetooth 5 има двојно поголема брзина, четири пати поголем опсег
Следна статијаGoogle целосно ќе се префрли на обновлива енергија од 2017