Денес се одржа работилницата “Инклузивен ИТ сектор во Македонија” како  дел од проектот на УСАИД за Социјална инклузија преку технологија, кој се имплементира од страна на Фондацијата иВоте, во партнерство со Здружението на граѓани Отворете ги прозорците и Здружението на младинци и студенти со хендикеп и МАСИТ (Комората за ИКТ компании).

На настанот, присутните ИКТ компании беа информирани за придобивките од нудење практична работа и можностите за вработување лица со попреченост.

“Верувам дека приватниот сектор ја гледа различноста како значаен фактор за дополнителен развој на пазарот на труд и токму тој значаен чекор ќе биде пресуден за компаниите да ја согледаат користа и вредноста од вработување лица со попреченост. Различноста носи промени а секоја организација одлучува дали ќе се прилагоди на нив и ќе ги претвори во конкурентна предност.” истакна Едвард Гонзалес, директор за развој во УСАИД.

Социјална инклузија преку технологија е проект имплементиран од иВоте Фондација во партнерство со Отворете ги Прозорците и Асоцијација на младинци и студенти со хендикеп. Проектот е во времетраење од 18 месеци и има за цел едукација на младите на возраст од 15 до 35 години во ИКТ области.

Претходна статијаПромоција на наградна игра Верна, по повод 70 години Макпетрол
Следна статијаНов драјвер на Nvidia ќе ги подобри перформансите во DirectX 12