Џон Лоренс ќе говори за револуцијата на “Канал 4“, а психологот Борис Шурија ќе открие до кој степен психологијата стои зад успехот или неуспехот на социјалните мрежи

Загреб, 26. Јули 2017. – Кога социјалните мрежи достигнаа бројки кои се мерат во милијарди корисници, во целата приказна сериозно навлезе и психологијата. Науката ни дава одговори на прашањата кој е наш корисник, како да допреме до него и како да се избориме со негативните коментари. Иако социјалните мрежи се идеален алат за директно комуницирање со корисниците, истовремено нудат речиси апсолутна слобода на изразување  што ги прави и место на кое брендовите може да доживеат и најжестоки напади. Комуникацијата со незадоволните корисници може да биде една од најмакотрпните активности која станува дополнително неудобна кога своето незадоволство истите го искажуваат јавно, пред сите со кои се обидуваме да изградиме квалитетен однос.

Како да ги разберете незадоволните корисници и да одговорите на неудобните коментари ќе можете да дознаете во рамки на предавањето “Психологија на социјалните мрежи и несоцијалните коментари“ на овогодинешниот Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival) на кое ќе говорат г-дин Борис Шурија, психолог и аналитичар, Директор на Аналитичката Агенција “Бихејв“ (Behave). “Учесниците во предавањето ќе научат како да емпатизираат со оние кои не нервираат и работат против нас, како и да разберат кои се вистинските причини во позадина на таквото однесување и како да реагираме на нив.“ – изјави Шурија.

Со темата социјални мрежи ќе се занимава и Џон Лоренс (Jon Laurence), најдобриот онлајн уредник во Велика Британија, чиј “Канал 4“ (Channel 4) со десет пати помалку фанови постигнува поголема вклученост (engagement) на фановите од моќниот Би-Би-Си (BBC). Неговиот наградуван оддел може да се пофали со дури 70 милиони прегледи на видео прилозите на социјалните мрежи, а Џон на Фестивалот ќе појасни како со важни теми да се привлече младата популација и тоа на нивните мобилни уреди. “Ако кон младите се однесуваме со почитување, тие тоа 100 пати повеќе ќе ни го возвратат. Младите лица лесно се вклучуваат кога станува збор за сериозни теми се додека истите се дистрибуирани на вистинскиот, правилен начин. Кога почнавме да се насочуваме кон видео форматите на социајните платформи успеавме значајно да го зголемиме влијанието на нашето новинарство.“ – изјави Лоренс.

Десетиот Викенд Медиа Фестивал оваа година ќе се одржи од 21. до 24. Септември во просториите на старата Фабрика за тутун во Ровињ, под покровителство на Адрис групацијата. Во првата декада Викенд Медиа Фестивал беше домаќин на 45.000 учесници: 1000 говорници, 35.000 медиуми, маркетинг и ПР професионалци, 3.500 студенти и 5.000 акредитирани новинари од целиот регион. Викенд Медиа Фестивал е најголем фестивал за комуникации во југоисточна Европа, а е прв кој ги објави некои од најдобрите трендови како што се мобилно рекламирање,  “native“ огласување, дигитализација, програматика и блокчеин.

Викенд Медиа Фестивал не е резервиран само за предавања и дискусии, туку и место за забава и вмрежување кое оваа година ќе биде подигнато на ново повисоко ниво. Внимателно осмисленатамузичка програма отсекогаш била најсилниот адут на фестивалот, а оваа година ќе има и изненадувања прилагодени на големиот јубилеј.

Претходна статијаWi-Fi трансмитери ќе можат да ги читаат човечките емоции
Следна статијаKaspersky Free станува достапен во целиот свет