Build-hero-2016-1024x418

Microsoft Build конференцијата е секогаш интересен настан, посебно за фановите на Windows, на којшто се претставуваат новостите на кои работат од компанијата. Како и обично настанот ќе биде пренесуван во живо и ќе може да се следи преку официјалната страна на Microsoft.

Линкот до страна е следниот, а првиот пренос, односно настанот официјално ќе започне од 17:30 часот денеска.

Build 2016 ќе трае до 1-ви април, односно до петок, а се очекуваат интересни новости во главно поврзани со развојот на Windows 10. Оперативниот систем веќе одреден период е достапен за корисниците на десктоп компјутерите, а од овој месец конечно и за мобилните телефон.

Ова ја отвора можноста да се продолжи со понатамошниот развој на оперативниот систем, односно за воведување на одредени барани функции кои треба да го подобрат корисничкото искуство.

Една од поинтересните најави кои се очекуваат на настанот е поврзана со „живите плочки“ кои конечно треба да ја добијат можноста за интеракција, односно контролирање на одредени работи на апликацијата директно од нив.

Настанот ќе го следиме, а за сите интересни најави ќе можете да прочитате во деновите што следат.

Претходна статијаДенеска на Build ќе биде најавена можност Ubuntu да работи на Windows 10 ?
Следна статијаNASA успеа да сними експлозија на супернова
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.