hakaton

Учесниците на хакатонот напорно работат за да ги финализираат и презентираат своите демо верзии  за време на 24 часовниот хакатон кој ќе се одржи во Јавна соба на 3 и 4 декември.

За време на настанот, ќе бидат презентирани и паметните, иновативни решенија од натпреварот „Паметна автобуска постојка“.

На  4 декемри ќе се промовираат победниците од двата натпревари.

Фондот за иновации и технолошки развој, Градот Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола  од почетокот на септември го организираат натпреварот „Скопски автобуски хакатон“ на кој се изработува иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје (ЈСП Скопје).

Дополнително, во натпреварот се приклучи и Social Car иницијативата поддржана од програмата на Европска Унија Хоризонт 2020, а победникот на хакатонот ќе патува на глобалниот хакатон за транспорт кој се одржува во Канада 2017 организиран од Youth for Public Transport.

prototip

Истовремено се одвива и натпреварот „Паметна автобуска постојка“ во организација на Фондот за иновации и Технолошки развој, Министерството за образование и наука, ЈСП Скопје и Град Скопје, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ),  Машинскиот факултет од Скопје и УНДП со цел промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научно-истражувачките, високо-образовните институции и бизнис секторот со цел промоција на лабораториите во овие високо-образовни институции. На натпреварот „Паметна автобуска постојка“ се изработува идејно решение за автобуската постојка на ул. Димитрие Чуповски бб (Рекорд-Центар).

Претходна статијаКултниот Моември повторно во Македонија: Брк по брк за подобро здравје
Следна статијаSamsung Electronics ќе се дели на две компании под притисок на инвеститорите