Невладината организација Македонија2025 го отвори повикот за аплицирање на десеттото по ред  издание на ЛИДЕР Проектот во Македонија.

Проектот ќе се одржи овој Мај во Скопје, а 40 учесници  ќе добијат целосни стипендии од страна на Мк2025 каде се вклучени предавањата, материјалите како и освежувањата за време на паузите.

Ivey School of Business, го организира ЛИДЕР Проектот уште од 1991. Оваа бесплатна програма, претставува десетдневна МБА работилница, која им овозможува на претприемачите да ги развиваат своите локални бизнис решенија, коишто ќе отворат можности за нивните заедници. Во текот на програмата учесниците на Лидер Проект ќе бидат во можност да го надградат своето знаење преку предавањата на врвни МБА инструктори кои зад себе имаат неколкугодишно работно искуство во менаџмент и телекомуникации, индустриско производство, нанотехнологија и мехатроника, деловни стратегии, дигитални екосистеми, бизнис инкубатори и други сфери.

Кој треба да аплицира: Ако сте претприемач, менаџер, сопственик на компанија или млад професионалец, кој делува локално, а мисли глобално и ако сте решени да ја остварите Вашата идеја, тогаш ЛИДЕР Проектот е за Вас.

Што ќе научите: Алатки за анализа, процеси за размислување и вештини за донесување одлуки кои се потребни на секој претприемач и менаџер за надминување на предизвиците и за да напредува.

Кога и каде ќе се одржи: ЛИДЕР Проектот ќе се одржи од 8-19 мај, секој работен ден од 12-16 часот, во Дипломатик Салата на Скопскиот Саем.

Само на учесниците кои ќе присуствуваат на минимум осум денови од работилницата, ќе им бидат доделени сертификати.

За да аплицирате за програмата, на elena@macedonia2025.com испратете:

Апликација во PDF формат, која треба да ја пополните, а може да ја симнете тука. (http://www.macedonia2025.com/resurces/Application_Form_2017.pdf)

– Биографија до 200 зборови (пример на следниот линк http://www.macedonia2025.com/about/leaders_club)

– Фотографија во боја

Крајниот рок за аплицирање е 25-ти март.

Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Претходна статијаПоследна недела за аплицирање за Codefest Marathon 2017
Следна статијаOppo ќе претстави иновативна технологија за смартфон камерите