Датум: среда, 28.12.2016
Почеток: 17:30 ч, Фонтана Градски Парк
Крај: спроти Универзална сала

Во 2017-та да имаме повеќе точаци од 2016-та!

Во 2017-та да имаме повеќе велосипедски патеки од 2016-та!*
*Повеќе слободни патеки, без возила, инаку не ги сметаме ;)
Да имаме повеќе зони со намалена брзина, безбедни за ранливите учесници во сообраќајот! 
Помалку жртви од сообраќајни судири!
Почист воздух! 
Помалку бучава! 
Повеќе здравје! 
Повеќе пешачки и велосипедски зони!
Повеќе и подобри паркинзи за точаци!
Повеќе јавни простори и места за здрави активности и социјализација и помалку возила на улиците!
Поквалитетен град за живот! 
Посвесни планери и политичари! 
Повеќе граѓани кои ќе ни се придружат во нашата битка за сето ова погоре зашто самото нема да дојде! 

Среќна 2017-та! 
————————————————————–
Ќе ја испратиме и 2016-та со порака за здравје и радост на улиците возејќи здружно точаци преку Критична маса #56.
Но ќе се придружиме и на протестот за чист воздух (информации тука), зашто промената не е можна без промени во политиките! 

Зашто потребни ни се мерки против загадувањето на краток рок за да дишеме без да се гушиме кога возиме точак! Зашто потребни ни се мерки на долг рок за да добиеме севкупно поздрави места за живеење!
Зашто нашата битка за велопријателско Скопје е неиздвоива од битката за чист воздух!
————————————————————–
Се собираме во 17:30 на платото кај Фонтана, Градски парк во поддршка на протестот. 
Како ќе се одвива Критична маса во однос на протестот, ќе пишеме наредниве денови или ќе се договориме на лице место. 
Во Кафе бар Че имаме резервирано од 19:00 и ќе отидеме да се стоплиме после протестот и после Критична маса. 
Оние кои не можат да дојдат на КМ, а сакаат предновогодишно да се дружиме, добредојдени се директно таму.Ќе имаме и томбола од 20:30. Има упатство на фотографиите.

Се гледаме во среда, #НаТочак

Ѕрн – ѕрн!

Земете си и заштитни маски, доколку загадувањето е над дозволените граници.

Извор: На Точак

Претходна статијаMicrosoft Translator отсега функционира и во групен чет
Следна статијаГо откривме најдобриот новогодишен подарок