20161118_115729

Со почеток од 9 часот во Александар Палас, се одржа годинешната AllWeb конференција. Започна со говор на Blagica Bottigliero од агенцијата Злато. Останатите говорници можете да ги видите на следниот линк.

Како и секоја година AllWeb е одлично место да се научи нешто од искусните говорници или едноставно да се добие некоја нова идеја. Учесниците сигурно ќе си отидат од конференцијата со нова мотивација која ќе им помогне во нивната работа.

Важен дел од ваквите настани е делот за прашања од публиката, со што учесниците може да добијат одговор на одредени дилеми кои ги имаат во својата работа. Можноста прашањето да биде одговорено од страна на предавачите кои имаат огромно искуство во областа е нешто што не се добива шанса секој ден.

По кратката пауза за кафе, конференцијата продолжи со Ivan Brezak Brkan од Netokracija. Со навистина добра енергија и ентузијазам тој говореше за креирањето на содржина.

20161118_130423

Исто така интересна за следење беше и панел дискусијата помеѓу Ненад Ристовски од Публицис Македонија, Елена Атанасова Панева од Нептун Македонија, како и Јане Бајалџиев од Httpool Македонија.

Претходна статијаThe Verge: Microsoft Surface Studio е натрапник во Apple базата на корисници
Следна статијаХаб Скопје преку акцелераторската програма им помага на стартапите да застанат на нозе
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.