Paris, France, December 10, 2013. LeWeb Day 1. Image by Dan Taylor/Heisenberg Media
Paris, France, December 10, 2013. LeWeb Day 1. Фото од Dan Taylor/Heisenberg Media

Главниот директор (CEO) и коосновач на Uber, Тревис Каланик во текот на оваа недела се повлече од својата позиција, по низа на контроверзии кои ја следат компанијата веќе одреден период.

Тој ќе остане во одборот на директори, но главното извршно место во компанијата ќе биде препуштено на друга личност која што ќе треба да ја врати оваа успешна компанија во нормала.

Контроверзиите кои се дел од Uber вклучуваат обвинувања за сексуално вознемирување од негова страна, сексуални напади од одредени возачи на своите патници и слични обвинувања за работата на вработените во компанијата. Исто така компанијата се соочува и со тужби за нарушување на правата на интелектуална сопственост од страна на Waymo и слично.

Меѓу главните проблеми на Uber најверојатно се наоѓаат во отпорот кај такси превозниците во повеќе градови кои протестираат и лобираат против оваа компанија. Прашање е и колку од горенаведените обвинувања доаѓаат токму од овие групи.

Инаку Uber беше основан во 2009 година и од тогаш може да се каже дека направи револуција во превозот, од каде што доаѓа и загриженоста на таксистите. Возилата кои обично ги користат возачите на Uber се поскапи, почисти, а и самите возачи се повеќе професионални.

Исто така, цената на превоз преку Uber најчесто е доста пониска од таа на такси превозниците.

Кој ќе го наследи Тревис на позицијата Главен извршен директор ќе видиме во периодот што следи, како и дали тој ќе успее да ја нормализира работата без пропратните проблеми.

Повлекувањето од позицијата на Тревис според информации на The New York Times доаѓа по барање на некои од инвеститорите кои сметале дека компанијата подобро ќе работи без него на главната позиција.

Извор: The New York Times, The Verge

Фото: Heisenberg Media – Flickr: Travis Kalanick LeWeb Day 1 – Dan Taylor/Heisenberg Media, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=30308095

Претходна статијаGoogle овозможува лесно пребарување на работни места директно од нивната страна
Следна статијаGoogle Glass се враќа од мртвите – доби нова софтверска надградба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.