timcookmadmoneymay2016

Извршниот директор на најголемата компанија во светот на технологијата, Apple, на неодамнешно интервју адресираше дел од прашањата кои си ги поставија многу луѓе по првиот пад на профитот на брендот во последните 13 години.

Многу аналитичари дури предвидуваат дека Apple ќе продолжи да паѓа и да губи од пазарниот удел во најважните сегменти, како на пример кај смартфоните, таблетите, лаптопите и паметните часовници. И ова не е особено тешко да се предвиди – Apple веќе не е иновативен како порано.

На пример, Apple Watch беше лансиран скоро две години по првите паметни часовници на конкуренцијата, за разлика од неговите претходници, iPhone и iPad, кои буквално беа пионери во бизнисот. Исто така, Apple се чини заостанува во VR битката, односно кај виртуелната реалност, бидејќи скоро сите конкуренти веќе имаат подготвено или пак планираат свој уред.

Како и секој директор во време на криза, а со цел да се задржат инвеститорите и да не падне вредноста на компанијата, на сите овие анализи Тим Кук одговори (на CNBC, Mad Money): „Планираме големи иновации. Нови iPhone-и кои особено ќе ве привлечат и ќе направат луѓето што веќе имаат iPhone да сакаат да купат нов. Ќе ви дадеме работи без кои не можете да живеете и за кои сѐ уште не знаете дека ви се потребни денес. Тоа отсекогаш било целта на Apple. Да правиме работи кои ќе го збогатат животот на корисниците. Кога ќе ги погледнете, да помислите како можев да живеам без ова.“

Кук одговори и во однос на слабата продажба на Apple Watch, дека е уред кој ќе има побавен старт, но после неколку години ќе се смета за голем успех на компанијата. Сепак, пазарот на паметни часовници воопшто и не е некој особено успешен и не предизвика револуција како што тоа го направија паметните телефони и таблетите, иако постои веќе скоро четири години…

Тим Кук се осврна и на пазарот во Кина, каде иако бројките кажуваат дека iPhone се продава послабо годинава, според нивните податоци процентот на префрлените Android корисници кон iOS е високи 40%.

Извор: MacRumors, Bloomberg, Fortune

Претходна статијаGoogle Keyboard 5.0 со голема листа на подобрувања
Следна статијаРуски хакер има дојдено до милиони лозинки од Gmail, Microsoft, Yahoo и други