Кук

Кук

Првиот човек на Apple, Тим Кук се наоѓа во неколку дневна посета на Франција. За време на посетата тој се сретна и со францускиот премиер Емануел Макрон, со кој разговараа на тема едукација и даноци. Меѓу останатото тој неофицијално одговара на некои интересни прашања пред камерата на Konbini.

Кук ќе нагласи дека компанијата која тој ја предводи отсекогаш се потпирала на креативноста. Па дури го спомена и првиот Mac кој бил направен од тим составен од музичари, уметници и инженери. Тој се осврна и на мобилните апликации и нивниот удел во поедноставувањето на животот на луѓето.

Запрашан во врска со програмирањето, тој ќе даде неверојатен, но реалистичен одговор. Кук смета дека за младите Французи е поважно да се посветат на учење на програмски јазици, отколку на англискиот јазик. Логиката зад овој одговор е дека програмскиот јазик може да допре до 7 милијарди луѓе, додека со англискиот се служат многу помалку.

Сепак не смета дека треба да се напушти изучувањето на англискиот, меѓутоа пожелно би било програмирањето да се воведе во образовниот систем. Кук ја искористи шансата да го промовира програмскиот јазик кој се користи за кодирање на оперативниот систем на Apple. Според него, SWIFT, е едноставен за изучување исто како што се едноставни за употреба производите на Apple.

Извори: Konbini, 9to5Mac

Претходна статијаGoogle Chrome ќе спречува „tab-under“ однесување
Следна статијаMicrosoft престанува да го поддржува Office 2007 на 31 октомври