Фото: CBS News

Тристан Харис е поранешен вработен во Google кој има работено како дизајн етичар, а сега е основач на непрофитната организација „Time Well Spent“.

Тристан преку неговата организација се труди да ја зголеми свесноста за влијанието кое го има технологијата во денешно време, со оглед на фактот што истата стана сеприсутна. Тој смета дека луѓето се зависни од технологијата и го истражува начинот на којшто тоа се случува и манифестира.

За најдобро да го објасни тоа што тој го тврди користи интересна споредба за паметните телефони кои ги нарекува слот машини. Слот машините функционираат едноставно, повлекувате и чекате да видите дали сте добиле нешто.

На ист начин во денешно време луѓето ги користат нивните телефони. Тие константно ги проверуваат истите за известувања, па некогаш ги има, а некогаш не. Чувството кое што се добива при проверка го споредува со слот машините.

Тристан истакнува дека иако ова не може да се нарече конкретно проблем, сепак треба да се прашаме дали сакаме нашите телефони да имаат ваков ефект на нас.

Зависноста од телефоните тој истакнува дека е директна цел на развивачите на апликации. Тие сакаат корисниците што повеќе време да поминуваат на нивните апликации, а се разбира тоа на нив директно и индиректно им донесува повеќе пари.

Snapchat апликацијата ја дава како пример, каде на корисниците им е истакнат бројач за тоа колку денови по ред комуницираат со некој пријател и се разбира мотивирани се да тоа што повеќе го прават.

Еден начин на којшто тој смета дека можеме да ја намалиме нашата зависност од паметните телефони, односно од потребата за импулсивно проверување за нови известувања е преку ставање на екранот во црно бел режим.

На овој начин работите што ги гледаме, како сликите на Instagram, на пример, ќе изгледаат многу помалку привлечно, а со тоа треба да се намали и нашата желба за нивно гледање.

Уште еден начин кој треба да ја намали импулсивноста е отворање на апликациите преку лентата за пребарување, наместо со директно притискање на иконата.

На овој начин, имаме доволно време да сфатиме што правиме, наместо тоа несвесно и по автоматизам да го направиме, па одлуката за отворање на апликацијата станува целосно свесна. Во таква ситуација, бројот на отворање на апликациите сигурно ќе се намали.

Извор: Life Hacker

Претходна статијаYouTube со нов дизајн на својата мобилна апликација
Следна статијаApple HomePod е паметен звучник со акцент на аудио перформансите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.