Дека Windows Mobile не е платформата која што успешно ќе им конкурира на Android и iOS, на повеќето ни е јасно веќе подолго време. Тие што не сакаа да го прифатат тоа, веќе мора да го направат истото, поради фактот што официјална потврда дојде и од Microsoft.

Меѓутоа реално остана прашањето дали од компанијата целосно планираат да го прекинат развојот на нивната мобилна платформа, која сепак е дел од Windows 10, односно не бара целосно посебен развој. Исто така, неколку пати беа најавувани планови за претставување на Surface телефон којшто во главно би бил наменет за бизнис корисниците.

Делумен одговор доаѓа директно од директорот на Microsoft Сатја Надела кој говорејќи на GeekWire конференцијата, одговара и на прашањето „Дали се имате откажано од смартфоните?“.

Одговорот којшто го дава Надела не е целосно јасен во правец на тоа дека тие не се откажуваат, меѓутоа може дефинитивно да се сфати во тој правец. Не откажувањето е како што би се очекувало од бизнис корисниците, па може да се очекува дека од компанијата ќе продолжат да го развиваат софтверот, па можеби и ќе претстават и уред.

Одговорот на Надела е следниот, а можете да го видите и на видеото подоле:

„Работата која што дефинитивно ја немаме е пазарниот удел, за да имаме смартфон уред којшто би бил вистински избор на корисниците. Тоа е реалноста. Реалноста е дека ние не можеме да се натпреваруваме како трет еко систем без пазарна позиција и да привлечеме програмери.

Тоа што го правиме е да се осигураме дека софтверот е достапен, дека можеме да ги опслужиме бизнис корисниците на кои многу работи не им се важни, работи кои им се важни на обичните корисници.“

Од оваа изјава може да се заклучи дека Windows 10 на мобилните ќе биде развиван и понатаму, а доколку биде понуден и во форма на уред, тој уред ќе биде наменет за бизнис корисниците на коишто не им се потребни сите тие апликации и додатни можности кои ги имаат дургите платформи. Windows 10 Mobile ќе ги има во главно бизнис апликации кои им се потребни на овие корисници.

Извор: Windows Central

Претходна статијаZTE Axon M има два екрани на преклоп и може да се користи како мобилен или мал таблет
Следна статијаGoogle Calendar на веб доби модерен редизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.