email-824310_640

На 74 годишна возраст пред 2 дена почина Реј Томлинсон (Ray Tomlinson), човекот којшто ги поставува основите на модерната имејл комуникација. Според информациите тој починал од срцев удар, а информациите доаѓаат од неговиот моментален работодавец.

Причината поради којашто тој е наречен пронаоѓачот на имејл комуникацијата, нејзиниот, татко, кум и ред други зборови доаѓа од неговата работа во 70-тите години минатиот век. Во компанијата каде што работел, време кога уште се користела ARPANET мрежата, која се смета за претходник на денешниот интернет, тој го развил протоколот којшто за првпат овозможил испраќање на порака помеѓу различни компјутери.

Тоа значи дека со неговиот систем, можеле да се испраќаат пораки помеѓу корисници кои работеле на различни компјутери во мрежата. За да биде возможна оваа комуникација тој го вовел познатото „мајмунче“, односно @ (at) знакче кое до ден денес се користи во имејл пораките.

Како и денес, тој го издвоил корисникот од компјутерот на којшто работи, добивајќи го форматот на корисник@компјутер (host).

Со мала разлика со текот на годините и развојот на технологијата, ова може да се каже дека е основата на имејл комуникацијата којашто се користи до денес. Покрај тоа што корисниците се повеќе комуницираат преку сервиси за инстант пораки, имејл комуникацијата останува важна за деловната комуникација.

Сепак, со излегувањето на нови сервиси наменети токму за деловна комуникација, пример Slack, се очекува имејл-от се помалку да се користи, па не е прашањето дали, туку кога ќе остане во историјата.

Извор: BetaNews, Reuters, Cnet, PCWorld

Претходна статијаПрви фотографии од HTC 10 – новиот знаменосец на тајванската компанија
Следна статијаРокот за аплицирање за Codefest Marathon истекува за една недела
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.