Десеттото издание на Викенд Медиа Фестивал оваа година, од 21. до 24. Септември, во старата фабрика за тутун во Ровињ ќе биде домаќин на голем број интересни предавачи меѓу кои и Николаи Воитиок (Nikolai Voitiouk), Потпретседател на европскиот автобуски оператор Фликсбас (Flixbus) кој овозможува превоз на патници на меѓуградски и меѓународни автобуски линии. Воитиок на Викенд Медиа Фестивал во рамки на предавањето “Baby You Can Drive My Car“ ќе говори за иднината на транспортот, трендовите во секторот на мобилност, како и за алтернативните решенија и новите модели на превоз. Потпретседателот на Фликсбас во своето интервју ќе го објасни концептот на патување со Фликсбас и ќе ги произнесе своите ставови за новите технологии во патувањето по копно.  

  1. Како ја гледате иднината на транспортот и секторот за мобилност?

Верувам дека поседувањето на сопствен автомобил едноставно стана прекумерно. Долгорочно гледано, намерата ни е да увериме што повеќе луѓе за корисноста на преминот од сопствено возило кон оптимално вмрежена, удобна и одржлива алтернатива во патувањата, а до сега ФликсБас веќе се позиционираше како таква алтернатива. Во следните години, побарувањето на јавниот превоз ќе се зголемува, а интермодалниот превоз ќе има многу поголема улога. Во иднина, автобусите на меѓународните линии ќе го завземат своето константно место во комбинација со мобилноста и тоа не само во вмрежување на поголемиот број дестинации, туку и вмрежување на малите и средните градови во Европа, како и Светот.

  1. Автономно поврзаните возила и понатаму се во фаза на истражувања. Во кој сегмент на превозот можеме да ги очекуваме првите примени на иновативните технологии?

Нашите Фликсбас автобуси веќе се базирани на висока технологија и користат иновативна технологија, па можеме да речеме дека сме дел од групата на поврзани возила. Со оваа навигација возачите имаат поддршка на автопатите и улиците, и многу едноставно може да носат одлуки додека се на пат. Во секој момент се известени за потенцијалните закаснувања, а нашиот оддел за контрола на прометот функционира преку сигнали од и до автобусот. Ова нас ни го олеснува доброто управување со нашите автобуси на улиците, во зависност од ситуацијата во прометот. На потполно автономните автобуси ќе им бидат потребни уште неколку години пред да започне нивната употреба. Со оглед на тоа дека посакуваме да им го олесниме работното секојдневие на нашите возачи, и да им го направиме колку што е можно поедноставно, редовно го следиме развојот на трендови и размислуваме за тоа како можеме да ги користиме во иднина.

  1. Како промените во транспортот ќе влијаат врз општеството, градовите и времето кое го поминуваат луѓето во патување?

Со развој на новите технологии и имплементација на модерното сваќање за патувањето, ФликсБас до сега веќе има направено голема пресвртница која може да се забележи во автобуската индустрија. Возењето со автобус влезе во ново доба, што првенствено беше препознаено од помладите генерации кои од патувањето очекуваат искуство, инспирација и можност за креирање на свој план за патување, кој може да се прилагоди на индивидуалните потреби. Благодарение на иновативниот бизнис модел, ФликсБас веќе до сега успеа да вмрежи 1.200 дестинации и тоа не само оние најголемите, туку веќе вмрежи и помали и средни градови, а со ова ги направивме достапни речиси сите градови. Преку услугата која се овозможува како дел од стрндардите ФликсБас автобуси, одноно бесплатен интернет, приклучници, повеќе простор за седење, нови, удобни и сигурни автобуси, времето поминато во ФликсБас секако може да се искористи максимално. ФликсБас автобусите покажуваат посебна ефикасност во потрошувачката на гориво и се исклучително економични при испуштањето стакленички гасови, бидејќи дури и најеколошките автобуси испуштаат емисии. Сево ова наведено, допринесува за развој на градовите и општините.

  1. Може ли платформа како ФликсБас да допринесе за зголемување на квалитетот и достапноста на услугите во секторот на мобилност?

ФликсБас веќе со својот квалитет и достапноста на услугите ги промени навиките за патување на преку 60 милиони патници ширум Европа. Постигнавме да ја смениме перцепцијата за автобусите – од превозно средство од точката А до точката Б во патничко доживување и модерно средство за патување. ФликсБас веќе допринесува за услугата и квалитетот на патувањата по прифатливи цени, а представува најдостапниот облик на мобилност, благодарение на едноставното купување на карта преку мобилна апликација, брзорастечката мрежа на линии од моментално 200.000 дневни линии низ 26 европски држави.

  1. Кои се кориниците на платформи како ФликсБас? Дали станува збор изклучиво за помлада популација?

Нашите корисници се најчесно на возраст помеѓу 18 и 35 години. Најчесто станува збор за студенти и луѓе кои одат на службени патувања или во посета на роднини и пријатели, односно сите оние кои бараат едноставност во планирањето и купувањето, сигурност, доследност во патувањето и дополнителни услуги кои ќе им го пополнат времето поминато на пат. Меѓународните линии кои се предност во овој регион се однесуваат на возења од по неколку саати и на нашите патници им е од голема значајност тие неколку саати да ги поминат корисно и удобно.

Претходна статијаТим Кук: Цената на новиот iPhone одговара на барањето на купувачите
Следна статијаПакети со 50% попуст и со поголема интернет брзина во Неотел