CEO-то на водечката компанија за производство на чипови за мобилни уреди, Стив Моленкоф вели дека во наредната декада, најмногу иновации ќе има на полето на авто-индустријата. Првиот човек на Qualcomm смета дека авто-индустријата ќе понуди најголем технолошки исчекор наспроти популарното мислење дека ова може да се очекува од мобилните телефони.

Сакајќи да ја потенцира практичната соработка на двете индустрии на полето на технологијата, тој вели дека автомобилите ќе бидат најпогодени од технолошките иновации кои допрва доаѓаат. Тој најави дека компанијата која тој ја предводи ќе може да се очекува се повеќе и повеќе да завзема учество во конструирањето на новите автомобили.

Вкрстувањето на технологии, во денешно време се прави не со цел пробивање на извесни физички бариери или рекорди, туку поради едноставно прилагодување на веќе постоечкото и унапредување на нивото на „смарт“ технологија. Во пракса, Моленкопф ќе рече дека токму најновите изуми од областа на мобилните телефони ќе најдат апликација во автомобилите, а тука на прво место е 5G трансферот на податоци.

Понатаму, акцентот ќе биде ставен и на новите технологии кои овозможуваат 3D снимање на видеа. Со помош на 3D ќе се унапреди постоечкиот концепт на автономно управување. Кои сѐ можности ќе најдат примена во автомобилската технологија може да се зборува на долго и широко, меѓутоа „спојување“ на технологиите е повеќе од извесно.

Извори: Cnet, Qualcomm, PhoneArena

Претходна статијаAI е веќе во служба на хакерите?
Следна статијаШести годишен самит на Македонија 2025: Првокласен настан од глобален карактер