Идејата на The Boring Company, уште една компанија зад која стои Елон Маск, е пренесување на сообраќајот подземја. Истото би се постигнало преку копање на тунели, нешто за коешто е специјализирана оваа нова компанија.

За оваа компанија, односно нејзиното постоење и идеја веќе можевме да прочитаме. Дали ќе ни го привлечеше вниманието до овој степен доколку зад неа не стоеше Маск, не би знаеле, меѓутоа дефинитивно сериозно се сфаќа секоја компанија и проект кои го носат неговото име во позадина.

Маск минатата недела излезе со видео кои покажува еден од тунелите на кои се тестира технологија којашто ја развива и користи The Boring Company. Во основа, на видеото може да се види еден вид на електрична санка, барем така ја нарекуваат, којашто забрзува со огромна брзина.

Овој начин на превоз би требало да е карактеристичен во концептот на компанијата, а со тоа би се намалило и времето потребно да се стигне од една до друга дестинација.

Видеото Маск го објави на неговиот Instagram профил, а истото можете да го погледнете во продолжение. Тој во описот на видеото истакнува да внимавате затоа што истото може да предизвика лошење.

Извор: TechnoBuffalo

Претходна статијаSystems for Enterprise – Еко ИТ Компанија
Следна статијаWindows XP не се дава – останува третиот најкористен оперативен систем во светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.