Најголемиот регионален фестивал на комуникации, Weekend Media Festival, за својот десетти роденден во старата фабрика за тутун  во Ровињ од 21 до 24 септември ги донесува најрелевантните теми од областа на медиумите, маркетингот, рекламирањето и комуникациите.

На повеќе од 100 предавања, панел дискусии и презентации ќе учествуваат регионални и светски експерти меѓу кои и Иван Станковиќ, основач и претседател на регионалната агенција Communis и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

По повод на неговото предавање „Што сакаат жените“, со Станковиќ разговаравме за предизвиците со кои маркетиншките експерти се сретнуваат денес, потценувањето на жените како потрошувачка група и концептот којшто го има смислено како би им помогнал на колегите да со жените комуницираат на начин којшто тие ќе го ценат.

На Weekend Media Festival ќе претставите нов комуникациски концепт кој самите го имате смислено. Од каде потребата за него ?

Јас веќе подолго време ја застапувам тезата дека се потребни радикални промени во нашата професија. Ако не ги преземеме, готови сме, како диносауруси. Поради тоа смислив концепт на кого првиот чекор кој сите треба да го направат е многу едноставен – промена на една буква. Во зборот advertising буквата „а“ би требало да се замени со буквата „е“, така што добивате „e-advertising“ каде што „е“ има двојно значење.

Првото е дека се користи е-модел на комуникација, што значи се што е поврзано со новите навики на консумирање на дигиталните медиуми. Второ, уште поважно, е дека емоцијата е основа на комуникацијата.

Во денешно време на изобилство на информации, човечкиот мозок не е во состојба да ги процесира сите податоци, па потрошувачите се определуваат многу едноставно. Или нешто сакаат или не. Затоа креирањето на емоции низ комуникацијата е неопходно.

Велите дека жените се неправедно занемарена група на потрошувачи. Зошто би требало да им посветиме повеќе внимание ?

Жените се доминантни купувачи и донесувачи на одлуки во огромен број на случаи. Во некои категории, како што се купувањето на храна, летување, купување куќи и слично, тие ги донесуваат одлуките во повеќе од 90% од случаевите. Жените се се’ повеќе самостојни, во САД контролираат дури 61% од вкупното лично богатство. Се појавуваат и во големи удели и во некои од не-женските категории. Дали сте знаеле дека 47% од гејмерите се всушност гејмерки ?

Каков е моментално односот на професијата спрема жените ?

Факт е дека моментално во 90 од 100 водечки американски рекламни агенции директори се мажи. А мажите и баш не ги разбираат жените. Затоа и често непримерно им се обраќаме, а жените таквата комуникација ја доживуваат како неискрена и ја отфрлаат.

На своето предавање на Weekend Media Festival ќе претставам лоши примери и посебно ќе говорам за безуспешните обиди на мажите да одговорат на прашањето: што сакаат жените. Тие точно знаат што сакаат, а што не сакаат. Проблемот е што тоа често временски се преклопува.

Можете ли поблиску да ни го објасните вашиот „5Е“ комуникациски концепт и на кој начин тој може да им помогне на комуникациски експерти?

Концептот „5Е“ е варијанта на класичниот AIDA концепт на комуникација. Првото „е“ означува „excess“. Во денешно време на претерано изобилство на информации, првиот чекор е да вашата порака биде забележана. И затоа е неопходен некој ексес за да ве забележат потрочувачките.

Второто „е“ настанува веднаш после првото и означува „entertain“. Кога го имате привлечено вниманието со ексесот, ќе го изгубите потрошувачот доколку не започнете со интересна приказна која ќе го забавува.

Третиот чекор е „emotion“ – почнува да се создава врска помеѓу брендот и потрошувачот. Следното „е“ е многу важно. „Experience“ е моментот на вистината кога потрошувачот стапува во контакт со брендот и дознава дали сите ветувања се вистинити. Во основа од таа причина сите водат грижа за местото и начинот на којшто потрошувачите се сретнуваат со брендот.

Последното „е“ означува „engagement“, освојување на локалните потрошувачи.

Претходна статијаSamsung ќе го претстави Galaxy Note 8 на 23 август
Следна статија12 јадрениот Intel Core i9-7920x послаб од AMD Ryzen Threadripper?