Знаеме дека сте работеле во Pinterest во областите за машинско учење, што за нашите читатели е навистина интересна перспектива и сакаат подлабоко да навлезат во неа. Можете да ни објасните како навистина го користите машинското учење на вашата веб-страница и како тоа им помага на приходите и на крајниот раст?

Податоците се клучниот дел на Pinterest: имаме над 200 милиони активни корисници месечно и над 100 милијарди пинови со слики и текстуален опис. Производот се совпаѓа со овие две страни со помош и користење на програмскиот јазик „ML“ на повеќето површини додека се извршува пребарувањето на тајмлајн, визуелно пребарување итн. Машинското учење се користи первазивно во секоја површина на производот и често на повеќе нивоа во стогот.

Поврзано со прашањето погоре, како машинското учење ќе го смени нашиот живот во иднина и дали има поврзаност со многу популарниот термин вештачка интелегенција (AI)?

Термините „ML“ и „AI“ во мојот ум значат приближно исто во моментов. Во текот на доцните 1980-ти и 1990-тите, „AI“ повеќе се користеше од симболичната заедница фокусирана на експертски системи и слична технологија. „ML“ повеќе се користи од страна на нумеричката заедница. Денес најголем дел од најсовремените методи, вклучувајќи ги и длабоките нервни мрежи кои го користат употребата на терминот „AI“ се нумерички. Значи, дефиницијата еволуираше со текот на времето и најчесто денес се користи за да ја претставува примената на длабоките нервни мрежи на проблемите, направени од луѓето.

На вториот дел од прашањето за влијанието, ова е нешто што ќе биде многу видливо. Компјутерите почнуваат да стануваат подобри од луѓето во многу добро дефинирани проблеми како што е играњето шах, но и други, помалку дефинирани области како возење, па дури и разбирање на вкусот и стилските преференци. Верувам дека ова ќе се случи многу наскоро и ќе ги направи машините по-човечки. Во исто време, човековиот внес и етикетирањето ќе продолжат да бидат важни за да се надополнуваат една со друга.

Според неколку истражувања, околу 80% од корисниците на Pinterest се жени. Зошто е тоа така и дали компанијата има некои идни планови за привлекување на повеќе мажи на својата веб-страница? Да бидам искрена, нашата веб-страница поврзана со технологија има претежно машки корисници, па да бидам искрен овој одговор може да ни помогне и нас ☺

Кога се лансираше Pinterest во 2010 година, најголем број на корисници беа жени во САД, и преку прекажување од еден на друг човек, стана една од најбрзо растечките платформи во историјата. Денес поделбата е околу 70% жени, 30% мажи. Како што растеме на меѓународно ниво, гледаме побрз пораст кај машките пријави. На крајот, Pinterest е алатка за визуелно откривање за сите интереси. Најпопуларните категории на Pinterest вклучуваат области како храна и дом, кои се родово неутрални. Нашата цел е да дадеме услуга која е корисна за сите ширум светот и затоа сме фокусирани на градење на производи кои се персонализирани за сите видови на луѓе, не само меѓу половите, но и интересите, локациите, јазиците.

Колку е важен Pinterest за светските трендови според вас, особено во споредба со . конкурентни сајтови како Facebook, Instagram и Твитер?

Бидејќи луѓето го користат Pinterest како алатка за планирање (наместо да се поврзуваат со пријателите), знаеме повеќе за намерата и трендовите од другите платформи. Со текот на годините луѓето зачувале повеќе од 100 милијарди пина, секој со веќе даденото објаснување и  врз основа на контекстот на папките. Овие уникатни податоци не само што ни овозможуваат да им даваме подобри препораки на луѓе со слични интереси преку идентификување на трендовите во системот, но исто така им помагаме на маркетерите. Пинерите обично ја бараат својата следна идеја 2-3 месеци пред да купат нешто. А кога си ги планираат одморите, некои започнуваат до 8 месеци порано. Со овие податоци, ние исто така можеме да им помогнеме на брендовите да стигнат до најрелевантните луѓе за нивните производи преку графиците за опредеување на вкус, што резултира со тоа да луѓето гледаат и органска и промовирана содржина која е релевантна за нивните интереси.

Pinterest е еден од најпознатите старт-апи, изграден во време кога наоѓањето средства за старт-ап компании беше доста тешко. Дали гледате потенцијал за големи старт-ап компании во моментов и каков е вашиот став за старт-ап заедницата во Македонија?

Преку пријателите и социјалните мрежи го гледам овој излив на компании во Македонија во повеќе различни сектори. Не сум многу запознаен со средината, но јас сум охрабрен од волјата, претежно помладите генерации да се обидат да изградат една компанија и да ја движат напред. Јас учествував во градењето на компанија и поминав преку аквизиција со Pinterest и знам колку работа и интензитет се вклучени во целиот процес. Моја претпоставка би била дека треба да се има некоја државна поддршка за такви старт-апи со јасни критериуми за излез.

Поврзано со прашањето погоре, какви идеи мислите дека се најинтересни за нова компанија за старт-апи, или уште подобро, на каде е насочен светот и која ќе биде следната успешна работа?

Предвидувањето на специфични идеи што ќе успеат е тешко, но можам да споделам некои општи насоки. Гледајќи ја големината на пазарот на Македонија, би рекол дека развојот на потрошувачки бизнис секогаш треба да има меѓународна перспектива со аспирации за раст кои ја вклучуваат барем балканската област. Постојат водечки даватели на услуги кои не се пробиле на балканскиот пазар, а некои од овие бизнис модели може да се прилагодат на оваа област. Сепак, во потрошувачките бизниси понекогаш одиш на сè или ништо, со што може да е помалку ризично да се има фокус на проблемите  на претприемничката дејност.

Работата како главен технолошки директор на Pinterest е сон на многумина, но какви се вашите идни амбиции? Дали можеби се поврзани со Македонија?

Засега сум фокусиран на подобрување на искуството на корисниците на Pinterest и растењето на Pinterest како компанија.

Претходна статијаApple го отпушти инженерот чија ќерка покажа видео од iPhone X
Следна статијаMicrosoft спрема таблет со дисплеј кој може да се превитка?