1.На самиот почеток – што е МАСИТ?

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) е волонтерска, непрофитна институција. Комората беше основана како асоцијација, во 2000 година, на иницијатива од најдобрите 15 македонски ИКТ компании како дел од Стопанската комора на Македонија. Денес МАСИТ е гласот на Македонската ИКТ индустрија. Комората претставува компании од сите ИКТ сектори вклучувајки: софтверски компании и компании за ИТ услуги, хардвер компании и дистрибутери, кериер и други телеком компании, како и тренинг провајдери и ИКТ консултантски компании.

Сите активности и иницијативи на МАСИТ се остваруваат преку работата на различни тела каде сите членови можат да учествуваат со нивни сопствени иницијативи, и да ги искажат своите потреби и проблеми. МАСИТ завзема учество на настани поврзани со ИКТ индустријата, исто и учестува во промоција на достигнувањата на своите членки компании во областа на развојот на софтвер и ИТ услуги.

2.Комората МАСИТ моментално е актуелна со најновиот проект за „Реквалификација на кадри“. Ајде да ги запознаеме читателите, за што всушност станува збор?

Проектот за Преквалификација на кадри е веќе во тек и ќе трае до септември, МАСИТ со поддршка на УСАИД/РЕГ проектот и во соработка со „Сивус едукативен и развоен центар“ започна да работи на проект за реквалификација на кадри. Станува збор за проект преку кој ќе се реализира реквалификација на кадри, во кој ќе бидат опфатени вработени и невработени лица, каде што заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се реквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство (надвор од оние со кои веќе се здобиле) за ИТ профили кои се потребни на ИКТ компаниите, кои во иднина потенцијално би се вработиле во ИКТ компаниите. Предност ќе имаат кандидатите кои се невработени,а обуките ќе се одвиваат во два термини, претпладне и попладне.

Крајната цел на проектот, а по посета на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на јуниор програмерски позиции или други позиции поврзани со ИКТ сферата. Програмата за реквалификација ќе трае околу 5 месеци, започнувајќи во месец април, а во периодот кој ќе следи ќе се работи на регрутирање на кадар кој потенцијално би можел да влезе во оваа програма.

Низ процесот на реквалификација слушателите ќе се стекнат со теоретско и практично знаење реализирајќи многу hands-on активности, ќе работат на конкретен проект или студија на случај кој ќе се надоградува од предмет во предмет во текот на обуката, но ќе ги збогатат и своите компетенции со организациска култура и меки вештини, што ќе ги профилира да бидат веднаш спремни за вработување и продуктивно ангажирање во рамки на ИТ компаниите.

3.Обуките ќе се реализираат во соработка со ,,Сивус Едукативен и Развоен Центар,,, кој е водечки едукативен и тренинг центар во Македонија и регионот специјализиран за IT и бизнис обуки.  За каква обука станува збор?

Пред се идејата на овој проект е да се разбие оној стереотип дека не секој може да биде програмер и да понудиме една интересна, почетничка програма за сите оние што велат „ Ах што не станав програмер на време“. Значи ова е проект кој што ќе им укаже на нашите потенцијални кандидати дека не е доцна, нели доколку имаат до 35 години, да се вклучат во една од двете обуки кои ќе се одржат: за  Front-end web developer и .NET developer. Неколку разлики во однос на  содржината на обуките е тоа што првата е повеќе наменета за оние слушатели кои сакаат да ги комбинираат програмирањето и дизајнот, односно да се грижат за она што корисниците на апликациите го гледаат како интерфејс и тоа би подразбирало изучување на програмските јазици html, css, java script, итн. Обуката за .NET developer за разлика од првата ги таргетира оние со повисок потенцијал од аспект на програмерска логика. Тие би изучувале C – Sharp програмски јазик, а подоцна во текот на курсот и понапредни апликации. И едните и другите започнуваат од почеток, од нула, и ќе можат да се вклучат во оваа програма.

4. За кого се се наменети овие обуки? Кој се може да се пријави?

Учесниците во програмата потребно е да имаат минимум диплома од средно училиште, да не се постари од 35 години, вработени или невработени лица, да имаат интерес и предиспозиции да продолжат со кариера во областа на ИКТ. Потенцијални кандидати може да бидат и дипломирани студенти на било кој факултет освен на електротехничките факултети. За кандидатите кои не се со ИТ бекграунд, фокусот ќе биде ставен на лица кои имаат склоност кон математика и програмирање и имаат логичен начин на размислување. Предност при селекцијата ќе имаат невработените кандидати. Повикот за прибирање на кандидати е веќе отворен, и сите заинтересирани учесници своето CV можат да го пратат на contact@masit.org.mk

5.Кои се фазите на овој проект, односно во колкав временски период е планирано да се одвива оваа обука?

Фази во процесот на регрутација, следење, профилирање и оценување на прогресот на кандидатите до фазата на ниво поврзување со компании.
Фаза 0: Прибирање на влезни податоци (CV-а) од заинтересираните кандидати и проценка на задоволувањето на основните критериуми за квалификација во обуката;
Фаза 1: Тестирање за сите кандидати преку генерален тест на знаење кој опфаќа повеќе компоненти (ангиски јазик, логика, основни компјутерки познавања);
Фаза 2: Усно интервју на потесно селектираните кандидати;
Фаза 3: Тест за профилирање на потесно селектираните кандидати;
Фаза 4: Дефинирање на целната група (Финална селекција врз основа на првите два критериуми)
По успешно завршување на обуката (односно поединечни нејзини делови-предмети) следуваат уште две фази за заокружување на циклусот на реквалификација;
Фаза 5: Проверка на постигнатите знаења преку самостојна изработка на проект или студија на случај и друг вид тестирања за следење на прогресот на кандидатите;
Фаза 6: Насоки и асистенција при идентифукување на потенцијален работодавач.

6.Што ќе им порачате на заинтересираните кандидати?

-Би ги охрабирала да се пријават на овие обуки, бидејќи навистина се работи за една одлична можност да се стекнете со корисни вештини. Рокот за пријавување е при крај и е до 21.04, што значи дека не треба да губите време, пратете ни CV на contact@masit.org.mk уште денеска.

Претходна статијаШто мисли Стив Вознијак за тоа каде ќе биде Apple во 2075
Следна статијаПремиум iPhone телефонот без рамка околу дисплејот ќе пристигне покасно од очекуваното