Веројатно најпопуларниот физичар и научник на векот, Стивен Хокинг, е на прагот да го оствари својот животен сон. Неговата амбиција да замине на вселенско патување, конечно ќе му ја овозможи Ричард Бренсон, кој му понуди место на летот на Virgin Galactic.

Хокинг ќе замине на суборбитално вселенско патување и покрај сериозниот хендикеп кој го има како последица на амиотрофична латерална склероза од која боледува долги години. Како што болеста не успеа да го спречи да изгради репутација во светот на науката, нема да успее ниту да ја осуети неговата амбиција да се најде во вселената. Како и да е, датата за реализација на летот се’ уште не е одредена бидејќи постојат низа технички компликации поврзани со самиот лет.

Компанијата која ќе му го овозможи патувањето веќе извесен период се занимава со реализација на комерцијални летови во вселената. Virgin групацијата работи на дизајнирање на летало кое безбедно ќе може да превезува луѓе на патувања во вселената. Како што е познато, сегашните летови во вслената ги изведуваат исклучиво обучени космонаути, но „туристичкиот“ концепт на посета на вселената е се’ уште некомплетен.

Меѓутоа, Virgin не е единствената компанија која се занимава со развивање на вселенски туризам, покрај нив сосема рамноправно со натпреварува и SpaceX на Елон Маск. Дури, може и да се заклучи дека апетитот на Маск е солидно поголем. SpaceX работи на испраќање на двајца туристи во посета на Месечината веќе наредната година. Планот-феноменален, но техничките можности сепак и понатаму програмата ја држат на земјата.

Хокинг, сепак, не зависи од двете компании кои за сега предничат на ова поле. Во меѓу време, тој разви и сопствена програма која ја именуваше “Breakthrough Starshot”, спејсшатл без посада. Се очекува “Breakthrough Starshot” да се упати на 20 годишно патување кон нашата најблиска соседна ѕвезда, Алфа Кентаур, во потрага по знаци на живот во нашата галаксија.

Претходна статија2017 Honda Clarity спремен да го освојува светот
Следна статијаSamsung го претстави Bixby – дигиталниот асистент кој ќе биде вклучен во Galaxy S8