Гужвите во сообраќајот се се’ поголеми насекаде низ светот, а особено во развиените држави. Сведоци сме на сообраќајниот метеж што се случува во нашата држава, а гледаме на телевизија и на интернет во каква состојба се патиштата во странство. Дали има решение за сето тоа? Ќе ни стане навика за секој проблем во светот да го консултираме Елон Маск, основачот на Tesla.

Всушност Маск самиот понуди решение за овој проблем преку неговиот Twitter профил. Тој вели дека во иднина ќе гради тунели за подземен сообраќај. Овие тунели ќе ги гради преку компанија која што ќе ја нарече The Boring Company. Постојат неколку вакви слични проекти во неколку држави моментално, но тие се изолирани случаи. Кога вакви идеи доаѓаат од иноватор каков што е Маск, можеби веќе правиме муабет за идната патна инфраструктура на САД, особено откако стана личен советник на претседателот Доналд Трамп.

Досегашните примери на подземни сообраќајници дефинитивно ни укажаа на една работа, а тоа е дека се премногу скапи. Од друга страна пак, претседателот на САД најави дека ќе се потроши еден трилион долари на патна инфраструктура (тунели, мостови) и аеродроми.

Позитивната страна на овие подземни сообраќајни тунели е секако тоа што значително ќе се намалат гужвите во сообраќајот. Ќе бидат повеќе од добредојдени за автономните беспилотни автомобили и камиони кои што се неизбежен дел од нашата иднина. Поради сите овие работи, оваа идеа на Елон Маск заслужува целосна поддршка од наша страна.

Извор: ArsTechnica, Cnet

Претходна статијаМарк Цукерберг изградил систем со вештачка интелигенција во својот дом, ала “Jarvis” на IronMan
Следна статијаПрви фотографии и спецификации од Android смартфоните на Nokia?