Еден од најголемите научници на сите времиња и сигурно најголемиот астрофизичар на денешницата, Стивен Хокинг, промени многу гледишта кои претходно сме ги имале за астрофизиката. Сето ова почна во 1966 година, кога тој ја објави тезата за „гравитациска радијација“, која помага во креирањето на галаксии и задржувањето на универзумот.

Сега, оваа докторска работа е достапна и онлајн, што значи дека неа ќе може да ја прочита секој кој ќе посака. Сепак, да предупредам дека се работи за многу сложена докторска работа, која за да ја разберете треба да бидете квалитетно „потковани“ во астрофизика и квантна физика со цел и барем малку да ја разберете. Ова научно истражување јас би рекол дека е повеќе наменето за оние кои веќе ги учат овие работи и би сакале подобро да навлезат во тематиката.

Овој потег на Хокинг и Универзитетот во Кембриџ, ќе им овозможат и на сите други студенти да ги објават докторските работи. Всушност, сега секој докторат од тој универзитет ќе треба да има и дигитална копија, а на студентот (тука веќе и научник) ќе биде оставено дали ќе сака да го објави онлајн за да може да го прочита секој кој ќе биде заинтересиран. Секако, тука многу ќе помогне потегот на Хокинг со објавување на неговата теза.

Докторската работа (дигитален скен на оригиналниот докторат на Хокинг) на Хокинг можете да ја проучите тука. Мора само да напоменам дека поради високата побарувачка, сајтот може да биде и недостапен, па треба да бидете трпеливи пред да се отвори докторската работа.

Извор: Engadget, The Guardian, Scientific American

Фото: NASA (Пол Алерс)

Претходна статијаMicrosoft престана да го произведува Kinect
Следна статијаСо „Правен Калкулатор“ до полесна пресметка на сите видови правни трошоци