Кук

Првиот човек на компанијата Apple, Тим Кук објаснува дека цената од 999 американски долари, која потенцијалните сопственици на iPhone X би требало да ја платат, всушност и не е висока, тука реален израз на вредноста на уредот. Практично, таа е одраз на високите барања за нови технологии на лојалните купувачи на производите на Apple.

Дополнително во интервјуто за американската телевизијата „ABC“ тој објасни дека најголемиот дел од сопствениците на овој мобилен уред всушност и не ја плаќаат целата цена одеднаш, бидејќи добиваат извесни попусти од телекомуникациските компании или пак го исплаќаат на рати.

На прашањето дали смета дека новиот iPhone е надвор од можностите на просечниот Американец, тој сосема рамнодушно одговара дека тоа е апсолутно дел од планот на Apple чија идеја никогаш не била да продаде најголем број уреди, туку да развива технологии со кои ќе му помогне на човештвото.

Во истото интервју тој се осврна и на во последно време актуелната AR (augmented reality) технологија, за која најави дека „наскоро“ би можела да стане широко достапна. Што се однесува пак до безбедноста и целата таа приказна околу злоупотребата на новиот принцип на отклучување на iPhone X со помош на детекција на лик, тој увери дека корисниците на Apple немаат потреба за грижа.

Извор: ZDNetThe Verge

Претходна статијаMatternet го претстави првиот автономен летачки курир во Швајцарија
Следна статијаПотпретседателот на компанијата Фликсбас, Николаи Воитиок, говори за иднината на транспортната индустрија