Ко-основачот на Microsoft и еден од највлијателните луѓе на денешницата, Бил Гејтс, изјави дека жали што пристапот до Windows го направил толку иритирачки. Имено, малку е познато дека во првичните верзии на еден од најпопуларните оперативни системи Microsot, симултаното притискање на копчињата Control, Alternative и Delete (во мојата генерација познати како светото тројство кога компјутерот ќе се блокира), всушност се користело за логирање во самиот систем.

-„Кога нешто би менувал, командата би ја свел на само едно копче“, изјавил милијардерот и сопственик на Microsoft, за време на панел дискусијата на Bloomberg Global Business форумот во Њу Јорк.

За ваквата ситуација тој го „обвини“ IBM, уште во 2013-тата, велејќи дека човекот кој стоел зад дизајнот на тастатурата од IBM не сакал да им овозможи командата да се извршува преку едно копче.

Извори: CNN

Претходна статијаNest Secure – паметен систем за обезбедување за само $499
Следна статијаWindows Store во Windows 10 ќе се ребрендира во Microsoft Store