Windows Phone (односно денес Mobile) се чини е одамна „мртва“ платформа, но вљубениците во неа сѐ уште можете да ги начекате со таков смартфон. Сепак, оваа платформа се чини го доживеа својот најголем удар досега, бидејќи еден од основачите на Microsoft и најбогатиот човек на планетава, Бил Гејтс, се одлучил да се префрли на Android оперативниот систем од Windows 10 Mobile.

Искрено, иако се работи за Гејтс, за мене ова не е особено големо изненадување, бидејќи во моментов Windows 10 Mobile и не може да овозможи целосно смартфон искуство, поради недостатокот на некои важни апликации, а тоа особено важи за корисник како Бил. Од друга страна, Бил Гејтс нагласува дека во неговиот Android смартфон ги користи сите Microsoft апликации и сервиси, кои во моментов имаат и подобри верзии на таа платформа отколку на Windows.

Бил Гејтс не нагласува за каков смартфон станува збор, но Samsung веќе има соработка со Microsoft за Galaxy S8 со Microsoft апликации, телефон кој се нуди и во продавниците на американската компанија, па еве претпоставка дека го користи токму тој смартфон. Ова и не е воопшто лош избор, но интересно е што Гејтс и натаму е противник на iPhone, односно производите на Apple, компанија која веројатно и натаму ја смета за најголем конкурент.

Од друга страна, мулти милијрдерот нагласи дека и натаму користи Windows компјутери, што е повторно логично, бидејќи повеќе од половина од светот и натаму користи Windows на своите машини.

Извор: CNET, Venture Beat, The Verge

Претходна статијаПаметната јакна на Google и Levi’s ќе чини $350
Следна статијаВо Дубаи тестиран првиот автономен, летачки такси сервис