Рускиот интернет пребарувач Yandex (Яндекс) го претстави својот виртуелен асистент Alice (Алиса). Слично на останатите виртуелни асистенти од конкуренцијата, Алиса ќе знае да му овозможи на корисникот насоки, временска прогноза, новости и ред други сервиси кои ги нуди Yandex. Интересно е што Алиса сето тоа го прави на руски јазик, кој нималку не е едноставен за „учење“ кога се работи за AI технологијата.

Примарна потешкотија е препознавањето на зборовите. Рускиот јазик граматички е еден од најкомплицираните во светот, а и морфолошки драстично се разликува во различни краеви од светот каде истиот се зборува.

Од компанијата се пофалија дека Алиса умее да разбира руски, речиси на ниво на човек. Тука се мисли на разбирањето на различни дијалекти од рускиот јазик, како и популарниот сленг. Поради модернизацијата рускиот јазик се адаптира на промените, па така сленгот е неизбежен особено кога се работи за технологијата.

Алиса е достапна за корисниците на iOS и Android. Верзијата наменета за Windows е сѐ уште во Beta фаза.

Извори: Engadget, TechCrunch, Yandex

Претходна статијаSamsung подготвува единечна камера со вграден „портрет мод“
Следна статијаСо нов квантен процесор од 17 “qubits”, Intel најавува масовно производство