Една од најиновативните компании во мобилната телефонија од минатото, Nokia, сѐ уште држи многу од патентите кои и натаму се користат во секој смартфон. Овие патенти се особено многу интересни за многу производители, па затоа еден од најголемите кинески производители Xiaomi се договори со финската компанија за лиценцирање на патентите, заедно со договор за соработка на други полиња, како виртуелна реалност, вештачка интелигенција и IoT.

Со договорот, Xiaomi ќе може да ја користи и мрежната инфраструктура на Nokia, како и нови технологии поврзани со FP4 мрежниот процесор. Според тоа, оваа соработка е прилично длабока и може да им овозможи на двете компании контрола на многу полиња во мобилната телефонија – од смартфоните до мрежите, но и развој во полиња кои можат да се покажат како особено значајни и успешни наредниве неколку години.

Поточно, ова на Xiaomi ќе им овозможи да бидат едни од лидерите во мрежната технологија, заедно со поголемо учество кај софтверските сервиси, нешто што е еден од главните начини на заработка на кинескиот производител.

Xiaomi со достапноста на патентите би можел полесно да влезе на американскиот пазар, каде и натаму скоро и да не е присутен.

Од друга страна, самото тоа што технологиите на Nokia ќе се користат во милиони нови смартфони, колку што произведува Xiaomi на годишно ниво, е доволна причина за тие да бидат задоволни од оваа соработка.

Извор: CNET, 9 to 5 Google, GSM Arena

Претходна статијаAMD конечно се доближува на Intel
Следна статијаАвтобусот кој вози над автомобили е лага, 32 уапсени поради незаконско финансирање