Systems for Enterprise (S4E) е ИТ стартап компанија која изработува иновативни софтверски решенија за осигурителната индустрија. Истата постои речиси две години и е во постојан раст и развој. Со развојот на компанијата и постојаниот пораст на бројот на вработени, таа се развива и во едно друго поле – екологијата и грижата за животната средина.

Цел на вработените во S4E е да се дел од најеколошката и социјално одговорна компанија во Македонија. Така, сите вработени доаѓаат на работа (во село Бардовци!) со велосипед или пешки.

„Возењето велосипед во секакви временски услови е наше секојдневие во кое уживаме. Единственото нешно што би можело да го подобри ова искуство се добри велосипедски патеки низ градот“ вели Алтај, еден од вработените во Systems for Enterprise.

Друга социјално-еколошка активност на Systems for Enterpriseе собирањето на пластични капачиња со цел да се придонесе во хуманитарната кампања „Едно капаче – една надеж“ започната од страна на Македонската медицинска студентска асоцијација. Собраните капачиња потоа се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се донира една инвалидска количка за деца.

Од неодамна вработените и практикантите исто така го сортираат сиот отпад и во соработка со Пакомак зе грижат дека истиот ќе биде однесен до соодветните места за рециклирање. Дури и преостанатата храна не е за фрлање – компаниската мачка е повеќе од желна да изеде сé што ќе остане од ручекот.

Systems for Enterprise е активна и на многу бизнис настани и случувања во Македонија, од кои можат да се издвојат Job Fair 2017, CareerLaunch 2017 и Скопскиот WizzAir маратон на кој освоија прво место во женската штафета. Со своите иновативни ИТ решенија, S4E е воедно и победник на натпреварите Get in the Ring и European Startup Award во Македонија, а во моментов се бори за првата награда на глобалниот натпревар Get in the Ring во Сингапур.

Претходна статијаПопуларноста на Android го направи привлечен за малициозен софтвер
Следна статијаЕлон Маск прикажа видео од тест тунел од неговата The Boring Company