Љубителите на Apple производите со нетрпение го очекуваат настанот на Apple кој треба да се одржи во март месец оваа година и на кој најверојатно ќе ни претстават нови iPad-и и уште некои нови производи.

Според реномираниот јапонски веб сајт Macotacara, новата линија на iPad ќе се состои од четири модели: 7.9-инчи, 9.7-инчи, 10.5-инчи и 12.9-инчи.

Исто така, според Macotacara, можеме да очекуваме и надградба на iPhone SE моделот кој беше претставен во март 2016-та. Освен со 16GB и со 64GB, можеме да очекуваме и модел со 128GB меморија. Интересно е што се наведува и дека iPhone 7 и 7 Plus можеби ќе ги видиме во црвена боја, избор кој до сега Apple не го практикувал кога се во прашање iPhone-ите.

Според мене, одлично ќе изгледаат. Помалку битни новости, за мене, се дека ќе бидат презентирани и нови ремчиња за Apple Watch. Иако има доста промени направено во втората генерација на Apple Watch, досегашните модели не ми се допаѓаат, можеби наредниот ќе го направат како што треба …

Уште во октомври изминатата година, Macotacara објави дека Apple планираат да ни претстават четири нови модели на iPad. Малку згрешија со предвидувањата, бидејќи според првичните сознанија, пренесено беше дека ќе може да видиме целосно нов iPad Pro со 10.9-инчи кој би можел да го замени досегашниот 9.7-инчен модел и дека ќе можеме да видиме 7.9-инчен iPad Pro, иако досега 7.9-инчните модели беа именувани како iPad mini, а последен од таа генерација е 4-ката. Исто така беше пренесено дека Apple ќе ни презентираат и втора генерација на iPad Pro со 12.9-инчи.

Но, според најновите информации, Apple се одлучиле за втора генерација на iPad Pro со 9.7-инчи и iPad Pro со 10.5 наместо со 10.9-инчи како што беше првично најавен, кој што се очекува да биде без рамка, односно екранот да биде од крај до крај и да нема Home Button, нешто што се најавува и за новиот iPhone кој се очекува оваа година. iPad-ите кои ќе бидат преставени во март, можеби ќе бидат уште потенки од досегашните. Искрено, не знам уште колку потенки може да ги направат, но што полесно, тоа подобро, бидејќи сепак се направени за портабилност.

Минатата година, Apple го одржа настанот на 10-ти март и според многумина и оваа година се очекува да се задржат на сличниот период. Се’ уште не се знае дали Apple ќе ни претстават нови MacBook компјутери со најновата генерација на процесори, или пак дали ќе претстават нова линија на iMac. Останува да видиме.

Претходна статијаНови фотографии од Galaxy S8 со вклучен дисплеј го покажуваат во најдобро светло досега
Следна статијаКако да ја исчистите прашината од вашиот компјутер и зошто е тоа добро