Со новата функционалност на Логин Системи, фирмите и организациите имаат можност многу побрзо и поефтино да го остават старото сметководство и да преминат на Dynamics NAV. 

Скопје, 11.08.2017. Денес, Логин Системи објавува дека изработи и пушти во употреба нова функционалност за побрзо и поекономично интегрирање на податоците од постоечкото-во-заминување сметководство во новото сметководство базирано на Dynamics NAV.

Наместо да се користат паралелно два системи за сметководоство (старо и ново) заради преглед на историските податоци, новата функционалност овозможува податоците од старото сметководство да бидат увезени и на располагање за преглед заедно со другите нови податоци во Dynamics NAV.

„Ги опфативме најважните сметководствени и оперативни податоци, оние кои најмногу се потребни при пребарувањата или за инспекциските служби.“, изјави Венко Глигоров, главен проектант на Dynamics NAV во Логин Системи. „Ако организацијата ги промени броевите на купувачи и добавувачи, им овозможуваме поврзување на броевите така што во претходните книги ќе ги користат старите броеви, иако се повикуваат од новите броеви.“ 

Со оваа функционалност овозможуваме на фирмите побрзо и поефтино да преминат на новиот Dynamics NAV без да треба да држат два сметководствени системи. Пристапот до „старите“ податоци се прави со кликнување на командата од рибонот на соодветниот екран, на пример на контниот план.

При преминувањето на нов сметководствен систем, една од главните предизвици на фирмите и организациите се историските податоци. Генерално постојат три опции: (1) да се стават почетни состојби и да има само нови податоци, (2) да се увезат сите претходни податоци/трансакции и на нив да се надодаваат новите. (3) Третата опција е најбараната бидејќи новите податоци се користат во секојдневното работење, а старите податоци коегзистираат во новиот систем и се на располагање заедно со другите команди на Dynamics NAV.

„Иако им ги нудиме сите три опции на новите корисници на Dynamics NAV, новата функционалност што ја изработивме е секако најповолната за најголемиот број на заинтересирани организации да преминат кон светски познатиот Dynamics NAV 2017“, завршува Глигоров.

———————————————

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот – 100.000 организации работат со NAV.

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz.

Извор: Логин Системи

Претходна статијаYouTube Red го враќа Karate Kid како нова серија од 10 епизоди со главните глумци
Следна статијаИнтервју: Томас Рејмекерс, Трка со дијабетесот