Берлин / Скопје, 30. Август, 2017Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) и Спидо Интернешнал (Speedo International Ltd.) им помагаат на пливачите ширум светот да ја следат својата активност со најдобрата во својата класа – пливачката платформа на Спидо – Спидо Он (Speedo On). Апликацијата за следење на пливањето, Спидо Он, ќе биде дел од најновите Самсунг Гиар Спорт и Гиар Фит2 Про. Двата уреди се сертифицирани со 5 ATM сертификат за водоотпорност на длабочина до 50 метри. Со инстантен пристап до апликацијата, Гиар Спорт и Гиар Фит2 Про се идеални придружници во пливањето.

Samsung Gear Fit2 Pro во партнерство со Speedo

Спидо он – апликацијата за следење на клучните пливачки метрики, вклучувајќи и број на кругови, времетраење на кругови и отчукувања на срцето овозможува едноставно следење и инкорпорирање на пливачките постигнувања со личните фитнес цели. Во пар со два нови уреди, корисниците имаат можност да одберат онаква опција каква што повеќе им одговара и ја надополнува нивната активност додека се во вода. Гиар Спорт е елегантен и стилски “паметен’ рачен часовник со премиум карактеристики, додека Гиар Фит2 Про е целосно нова ергономска фитнес алка која континуирано го прикажува мониторирањето на срцевото отчукување и GPS следењето. Податоците од апликацијата се исто така компитабилни со апликацијата Samsung Health, сеопфатната платформа на Самсунг за следење на фитнес активностите, се со цел да овозможат поголема слика за здравјето и добросостојбата на корисниците.

Новиот Самсунг Гиар Фит2 Про ја има Спидо Он апликацијата за следење на пливањето и истата е инсталирана претходно, што е овозможено од експертски развиениот алгоритам на Спидо за оптимална точност и беспрекорен пренос на податоците на Спидо Он платформата базирана на веб страна. Развиен за фитнес пливачите кои се водат од постигнатите резултати, интерактивната платформа за следење на пливањето игра улога на сеопфатен партнер за тренирање. Спидо Он обезбедува анализа на пливањето и води сметка за напредокот во споредба со поставената фитнес цел, заедно со дополнителни програми за тренирање, совети и инструкции прилагодени на корисникот, развиени од дел од најдобрите тренери и атлети на светско ниво. Спидо Он исто така додава социјална димензија на пливањето, овозможувајќи следење на други пливачи, учество во предизвици и споделување на постигнувања. На двата Самсунг Гиар Спорт и Гиар Фит2 Про, апликацијата им овозможува на пливачите да ги завршат временски ограничените предизвици, и да го добијат својот “SWOLF“ скор (мерка за ефикасност во пливањето).

Нашите Гиар корисници беа во потрага за поводоотпорни продукти, и со партнерството со Спидо и уредите Гиар Спорт и Гиар Фит2 Про го развиваме најдоброто искуство кое ќе може да го доживеат за да ги оствариме нивните барања.“ – изјави Кисеон Ким, Заменик Претседател на Стратешки Тим за Уреди за носење во Бизнис со Мобилна Комуникација, Самсунг Електроникс. “Гледајќи да ги пресретнеме потребите на корисниците кои константно се менуваат и нивната желба да ги следат своите активности и факторите кои влијаат на нивната добросостојба – возбудени сме да им ги овозможиме овие уникатни можности на оние корисници кои обожаваат да бидат во вода.

Спидо е посветен на тоа да инспирира се поголем број на луѓе да влезат во базен и да ги постигнат нивните фитнес цели. Нашата соработка со Самсунг е прва од овој вид и е најдобрата комбинација од технологиската иновација на Самсунг и пливачката експертиза на Спидо за овозможување на на целосно ново ниво на следење на активностите на пливачите фокусирани на фитнесот. Возбудени сме за она што можеме заедно да го постигнеме во базен.” – изјави Роб Хикинг (Rob Hicking), Бренд Директор во Спидо Интернешнал.

За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd
Samsung Electronics со своите иновативни идеи и технологии го инспирира светот и ја обликува иднината. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигитални домашни уреди, медицинскате опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED уредите. За да дознаете повеќе за Samsung и сѐ ново во врска со компанијата, посетете го официјалниот портал „Samsung Newsroom

За Speedo ®
Светскиот водечки бренд за опрема за пливање, Спидо, е страствен за животот во и околу водата, создавајќи револуционерни нови технологии, дизајни и иновации и го поддржува пливањето од почетно до елитно, професионално ниво. Во 1920 година, Спидо ја испишува историјата со “Racerback: првиот костум за капење во светот кој не е направен од волна. Во 2008 година, Спидо ги редефинира костумите за капење со Fastskin LZR RACER – the fastest and most technologically advanced swimsuit ever created. In 2015, Speedo launched the Fastskin LZR Racer X, првиот костум за капење создаден за да им помогне на пливачите да го чувствуваат нивното најбрзо темпо. Неговиот развој беше овозможен преку низа анализи на физичките и психолошките аспекти на компетитивното пливање со преку 330 елитни пливачи. Спидо е во сопственост на Спидо Холдингс Б.В. (Speedo Holdings B.V) и е достапен во преку 170 земји ширум светот. За повеќе информации посетете ја страната: www.speedo.com.

SPEEDO, ARROW уредот, FASTSKIN, AQUALAB, RACING SYSTEM, BIOFUSE, SPEEDO ENDURANCE, SCULPTURE и LZR RACER се заштитените брендови на Спидо Холдингс Б.В. LZR RACER костумот за капење има заштитени права на дизајнот и патенти ширум светот. “FASTSKIN3 капата за пливање, маската за нуркање и костумот за капење имаат заштитени права на дизајн ширум светот, а нивните патенти се во очекување. Спидо Он (Speedo On) е достапен на Android, iOS и на веб страната: https://on.speedo.com.

За Speedo On
Спидо Он (Speedo On) е најновата платворма за пливачки тренинг од Спидо. Дизајнирана да го подобри пливачкото искуство и да ги поттикне луѓето се повеќе и се почесто да пливаат. Корисниците ќе имаат можност да уживаат во персонализираните препораки за да ја одржат својата активност кон остварување на нивните цели, ќе бидат мотивирани да продолжат понатаму со активностите, и ќе може да се фокусираат на најдобрите начини за нив, лично, да го достигнат своето најдобро.

Корисниците ќе може:

  • Да постават лични цели;
  • Да ги споделат своите постигнувања со други пливачи;
  • Да го следат своето пливање;
  • Да ги анализираат нивните пливачки фитнес метрики;
  • Да пристапат кон вежби и планови за тренирање создадени од дел од најдобрите тренери и атлети во светот;
  • Да следат содржини релевантни за нивните лични цели и нивниот пливачки перформанс;
  • Да учествуваат во предизвици.
Претходна статијаiPhone 8, 7S и 7S Plus ќе бидат претставени на 12 септември
Следна статијаИнтевјуата за работа добиваат нова димензија со „Skype Interviews“