12788350_10206872626866644_1370724263_o - Copy

Од сега сите електронски медиуми, компании за развој на технологии и кративни бизниси имаат можност да бидат економски и логистички поддржани од Seavus Инкубаторот – најновиот и до сега најголем општествено одговорен проект на IT гигантот Seavus.

Имено, Seavus опреми мултифункционален инкубатор наменет за сместување на развиени и старт ап компании. Програмата за инкубирање е со назив dot.up и предвидува 3 категории на бизниси кои можат да ги користат условите на инкубаторот:

  1. up media – програма за поддршка на медиуми,
  2. up technology – програма за поддршка на компании за развој на софтвер, други технологии, иновации и од областа на Internet of Things,
  3. up creative – програма за поддршка на компании од креативни индустрии.

Компаниите кои ќе бидат сместени во Seavus инкубаторот ќе работат во креативен, мултифункционален, технолошки опремен простор. Покрај просторот, компаниите ќе добијат и останати фасцилитаторни услови за развој: вмрежување, бизнис менторства, обуки како и експертизата и иксуството на Сивус. Посебен акцент е ставен на програмата dot.up media, наменета за поддршка на медиуми и развојот на истражувачко новинарство како двигател и услов за развој на општеството и економијата.

Со работилница Моќта на менторството, која се одржа изминатата среда, поддржана од SECO програмата за претприемништво, финансирана од швајцарскиот SECO и имплементирана од страна на Swisscontact, официјално и започна со работа инкубаторот.

Инкубаторот е комплетно подготвен и оперативен. Пет компании од креативните и информатичките индустрии веќе го користат просторот.

Со овој проект, Seavus директно го олеснува развојот на претприемништвото, медиумите и креативните индустрии. Овој проект е до сега најзначајниот општествено одговорен подвиг на Seavus, чија мисија е економски развој, поттик на микростопанството, како и поддршка на независното и истражувачко новинарство.

Претходна статијаXerox ги затвори производителите на фалсификувани и илегални потрошни делови
Следна статијаPickbox препораки и новитети