Ideas_2000px-869x451

Сеавус Инкубатор го отвори повикот за пријавување на стартапи, тимови или претприемачи кои работат во областа на информационите технологии за првата пред-акцелераторска програма во Македонија.

Програмата ќе се одвива во текот на осум недели и има за цел да обезбеди вештини и знаење кои ќе им помогнат на стартапите да направат прототип, да лансираат производ на пазарот или да го финансираат својот бизнис. Како ментори се јавуваат менаџери и експерти од Сеавус, но и интернационални експерти и докажани професионалци во својата област.

Пред-акцелераторската програма е целосно ко-финансирана од Сеавус и проектот ИМЕ, имплементиран од Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус и токму затоа ќе биде бесплатна за избраните учесници.

Покрај тоа, обезбедено е финансирање на најдобрите идеи, при што стартапите ќе можат добијат средства за дополнителен развој на својот бизнис.

Сите заинтересирани може да аплицираат на веб страната на Сеавус Инкубатор: www.seavusincubator.com

Како партнери во програмата се вклучуваат Girls in Tech, кои се залагаат за еднаква застапеност на девојки и жени во ИТ, STARTUPZONA, кои им помагаат на младите во развојот на бизнис, SEEUTechPark, Brainster, како и многу други организации кои го поддржуваат развојот на претприемништвото во Македонија.

Претходна статијаЗапочна официјалната надградба на Android 7.0 Nougat
Следна статијаApple идната година ќе претстави три нови iPhone модели од кои едниот со заоблен екран