QLED TV екраните го поддржуваат софтверотCalMAN“ со AutoCal“ опција и го намалуваат времето на автокалибрација на неколку минути со само неколку едноставни кликови

Сеул, Кореа –18. Мај 2017 – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ја соопшти веста за достапноста на новиот автоматски калибриран софтвер – “CalMAN” со “AutoCal” опција на компанијата “Portrait Displays” за Samsung QLED 2017 телевизорите. Овој софтвер е користен од страна на професионални видео калибратори во екранската индустрија и поголемиот дел од крајните корисници во индустријата поврзана со продукција, пост-продукција и емитување на содржини.

Калибрација е процес на постепено прилагодување на бојата на ТВ екранот. Овој процес е од посебна важност за дизајнерите, фотографите и видео професионалците чија цел е да постигнат совпаѓање на боите меѓу влезните уреди, како монитори, и излезните уреди, како печатачи. Калибрацијата им овозможува на корисниците опција за оптимизација на нивното посакувано доживување при гледањето, базирано на средината во која ги гледаат содржините.

Во соработка со “Portrait Displays”, светскиот водечки провајдер за софтвер за калибрација на видео екрани, Samsung QLED телевизорите се првите телевизори во светот кој подржуваат автокалибрација за HDR квалитет на сликата. Во минатото, автокалибрацијата беше достапна само за стандардниот (SDR) квалитет на слика.

Возбудени сме што преку нашето партнерство со “Portrait Displays” го внесуваме софтверот “CalMAN” со “AutoCal” опција во домовите на луѓето. QLED телевизорите на Samsung се првите ТВ производни линии во светот кои ја инкорпорираат супериорната калибрација на “CalMAN” и им овозможуваат на нашите потрошувачи да имаат на располагање алатки за премиум искуство при гледањето” – изјави ХС Ким (HS Kim), Претседател на Дивизија за Визуелни Екрани во Самсунг Електроникс.

Традиционално, процесот на калибрација може да трае со часови, а корисниците мора рачно да прилагодат својот ТВ уред преку далечинскиот управувач користејќи го екранското мени. Овој процес беше измачувачки и понекогаш несоодветен метод на калибрација. Денес, QLED ТВ екраните со софтверот “CalMAN” со “AutoCal” опција автоматски ги прилагодуваат стотиците поставки во времетраење од неколку минути со само неколку едноставни кликови.

За користење на софтверот “CalMAN” со “AutoCal” опција на QLED ТВ екраните, корисниците едноставно треба да го набават “AutoCal” калибрацискиот сет и да го инсталираат софтверот на нивните компјутери. По инсталацијата на софтверот, корисниците може да ги поврзат своите компјутери со своите QLED ТВ екрани за започнување на процесот на автокалибрација. Со овој чекор QLED ТВ екраните ќе ги споделат своите мени поставки за прилагодување со софтверот, со што тој ќе може автоматски да го прилагоди квалитетот на сликата на телевизорот на корисничките преференци.

По работењето со експертите во Samsung возбудени сме што официјално нашиот софтвер “CalMAN” со “AutoCal” опција е достапен на 2017 Samsung QLED ТВ екрани. Развиен специјално за широка палета на средини на гледање, заедно со Samsung, поставивме визија дека софтверот “CalMAN” со “AutoCal” опцијата ќе отвори нови хоризонти за квалитетот на сликата на ТВ екраните.” – изјави Мартин Фишмен (Martin Fishman), Извршен Директор на компанијата “Portrait Displays”.

Корисниците на Samsung QLED ТВ екраните исто така можат да го измерат и волуменот на бојата на своите телевизори користејќи го софтверот “CalMAN” со “AutoCal” опција. Волуменот на бојата е најновиот стандард на квалитетот на сликата кој изразува како екраните ја прикажуваат бојата прецизно, без разлика на нивото на осветленост. Samsung QLED телевизорите се првите и единствените во светот кои можат да прикажат 100% волумен на бојата.

За повеќе детали за Samsung QLED TV серијата, посетете ја страницата: http://www.samsung.com.

За дополнителни информации за софтверот “CalMAN” со “AutoCal” опција, посетете ја страницата: http://calman.spectracal.com/autocal.html

Претходна статијаGoogle Lens – нова ВИ камера која ќе ги препознава работите околу нас
Следна статијаApple ќе лансира освежени MacBook лаптопи наредниот месец