SAMSUNG CSC

Сеул, 23 јануари, 2017 – По изминативе неколку месеци детално истражување, денес Самсунг Електроникс (Samsung Electronics) на прес конференција за медиуми која се одржа во Сеул (Кореа) ја објави причината за инцидентите со Note7 уредите и мерките кои се превземаат за да се спречи повторување на проблемот во иднина. ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател на Дивизијата за Мобилна Комуникација во Самсунг Електроникс, со присутните ги сподели деталните резултати од истрагата и изрази искрено извинување и истовремено и голема благодарност до потрошувачите на Galaxy Note7, мобилните оператори, добавувачите, дистрибутерите и бизнис Партнерите за нивното трпение и континуираната поддршка.

Кох беше придружуван од извршните директори од компаниите УЛ (UL), Експонент (Exponent) и ТУВ Реинленд (TUV Rheinland), независни водечки индустриски групации кои спроведоа сопствена истрага фокусирана на различни аспекти за инцидентите со Galaxy Note7 уредите.

Говорниците дискутираа за наодите од длабинските истражувања и ги претставија новите мерки кои Самсунг ги превзема како одговор на инцидентите.

Врз основа на наодите кои компанијата ги доби од истражувањата, Самсунг имплементира широк спектар на интерни процеси за обезбедување на квалитет и безбедност, вклучувајќи дополнителни протоколи како повеќестепени мерки за безбедност и проверка на батериите во 8 чекори. Исто така, Самсунг формираше и Советодавна Група за Батерии составена од надворешни Советници, Академски и истражувачки Експерти, со цел да осигура јасна и објективна перспектива за безбедност на батериите и иновација. Членови на Советодавната Група за Батерии се: проф. д-р. Клер Греј (Clare Grey), Професор по Хемија, Кембриџ Универзитет; проф. д-р. Гербранд Сидер (Gerbrand Ceder), Професор по Наука за Материјали и Инженерство, Универзитет Беркли; проф. д-р. Ји Чу (Yi Cui), Професор по Наука за Материјали и Инженерство, Универзитет Стенфорд; проф. д-р. Тору Амазуцуми (Toru Amazutsumi), Извршен Директор, Амаз Техно (Amaz Techno).

Во изминативе неколку месеци, заедно со независни стручни Организации од индустријата спроведовме темелна истрага за да ја најдеме причината за инцидентите со Galaxy Note7. Денес, повеќе од било кога, сме посветени на стекнување на довербата на нашите потрошувачи преку иновации кои го редефинираат она што е возможно во рамки на безбедноста и кои ќе ни ја отворат вратата кон неограничените можности и новите неверојатни искуства.” – изјави ДЈ Кох.

За повеќе информации можете да го погледнете видеото записот достапен на: https://news.samsung.com/global/samsung-announces-new-and-enhanced-quality-assurance-measures-to-improve-product-safety

Претходна статијаКои се предностите и недостатоците на „оверклокуваните“ компоненти
Следна статијаВоз во Јужна Кореа ќе патува со брзина на звукот