cwruhzeuaaa0fq3-f

На повеќето ни е познат случајот со Note 7, најновиот телефон од Samsung кој требаше, а и почна да се продава во огромни количини. Сепак, серијата, како и форматот на телефонот беа се повеќе популарни изминатите години, па очекувано Note 7 започна одлично.

Тоа беше така се до појавата на првите случаеви со проблематичната батерија во уредот, која од компанијата не успеа да ја решат, што на крајот резултираше со целосно откажување на серијата.

Од компанијата очекувано трпат пад на популарноста како и приходите, а од таму исто така ветија дека ќе го истражат проблемот и кога ќе знаат точно што го има предизвикано, ќе ја информираат јавноста.

Во меѓувреме, во обид да сепак го намали падот на угледот на компанијата, како и довербата на корисниците, Samsung закупи цела страна во три познати весници во САД, поточно во The Wall Street Journal, The New York Times и The Washington Post за да им се извини.

Во огласот, односно извинувањето од компанијата, истакнуваат дека тие отсекогаш се грижеле за безбедноста и квалитетот на нивните производи, меѓутоа во тоа не успеале со последниот производ. Тие ќе продолжат да ги истражуваат сите можни фактори кои довеле до проблемот и ќе работат се додека не ги имаат одговорите.

Корисниците сепак не би требало да го напуштат брендот поради овој случај. Се работи за огромна компанија која нема да си дозволи да пропадне поради вакви работи. Тие сигурно ќе работат на случајот како што истакнуваат, па не веруваме дека би можело вакво нешто да се случи и со новите модели.

Извор: The Verge

Претходна статијаFacebook работи на нов смартфон кој може ќе биде модуларен?
Следна статијаДвата Galaxy S8 смартфони ќе имаат “Edge” дисплеј
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.