gear-s3_lifestyle

Gear S3 Два совршени дизајни со префинети и унапредени самостојни функции

Сеул / Скопје, 16. Ноември 2016 Самсунг (Samsung) го најави официјалното пристигнување на пазарот на впечатливиот и иновативен Gear S3 паметен часовник. Gear S3 најпрво ќе биде достапен во Јужна Кореа, а започнувајќи од 18.11.2016 ќе биде достапен и за потрошувачите во Австралија, Дубаи, Франција, Германија, Сингапур, Велика Британија и Соединетите Американски Држави. Овој часовник го обединува безвременскиот дизајн со најновите технологии за мобилните уреди и ќе биде достапен во две верзии – издржливиот Gear S3 Frontier и модерниот и елегантен Gear S3 Classic.

За ова значајно дополнување на нашето портфолио на “паметни“ часовници се инспириравме од класичните рачни часовници со цел нудење на врвен производ на корисниците. Интелегентниот Gear S3 е сведок за нашата посветеност на категоријата уреди погодни за носење, како и реализацијата на целта да обезбедиме “паметен“ часовник кој е не е сличен со ниту еден друг достапен на пазарот.“ – изјави Јунги Ли (Jungi Li), Извршен Подпретседател на Одделението за Глобален маркетинг и уреди погодни за носење – Оддел за мобилна комуникација во компанијата Самсунг.

Инспирирани од традиционалните произведувачи на часовници, Gear S3 Frontier и Gear S3 Classic нудат унапреден дизајн кој ги опфаќа карактеристичната кружна маска на Самсунг, како и прецизно изработените детали на бројчаникот. Корисниците, согласно своите желби, може да го прилагодат изгледот на бројчаникот и да го заменат ременчето со ширина од 22mm со цел прилагодување на часовникот на својот личен стил. Часовникот ја поддржува и функцијата “Always On Watch”, која претставува константно прикажување на времето, спротивно од автоматското затемнување на часовникот и неговото останување црн.

Следејќи ги најновите достигнувања во мобилната технологија, Gear S3 е отпорен на вода и прашина согласно со стандардот IP68, а неговата трајност е еквивалентна на класата воени производи. Опремен со вграден GPS и апликации како S Health (за следење на здравствената состојба), мерач на надморска височина, воздушен притисок и брзинометар. На овој начин корисниците може да ги следат своите секојдневни физички активности и параметрите на средината, од надморската височина и атмосферскиот притисок, до ненадејните временски промени, поминатото растојание и брзината. Покрај тоа, долготрајната батерија на Gear S3 само со едно полнење може да трае и до 4 дена.

Gear S3 ја овозможува Samsung Pay функцијата и е првиот уред погоден за носење кој овозможува MST плаќање, односно корисниците можат со едно движење на рачниот зглоб безбедно да извршат мобилно плаќање. Од моментот на појава на пазарот, функцијата Samsung Pay на Gear S3 ќе биде достапна во САД, Австралија и Сингапур.

Покрај Gear S3, Самсунг истовремено на пазарот ширум светот ќе ги промовира и резервните ременчиња за часовникот.

Претходна статијаЗапочна големата конференција – Microsoft Визија: Reloaded
Следна статијаHP Z2 Mini е мал но супер моќен компјутер со Intel Xeon чип