Скопје, 18. Јануари, 2017 – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd), светски лидер во напредната технологија на полупроводници, денес го објави своето учество во Прогресивниот Програм за ПолуПоводници на Ауди (Audi Progressive SemiConductor Program – PSCP) како партнер добавувач на Ексинос (Exynos) процесори – нивното System-on-Chip (SoC) решение за Инфо-Забавниот систем за возилата на Ауди (In Vehicle Infotainment systemIVI).

Прогресивниот Програм за ПолуПоводници на Ауди беше започнат во 2010 година со цел брза имплементација на најновите технологии кои ги задоволуваат највисоките стандарди за робусност, перформанс и квалитет кај автомобилите. Како клучен партнер, Самсунг ќе ги добавува своите знаменосци – Ексинос процесорите за новата генерација на Инфо-Забавниот систем во возилата на Ауди.

Со Ексинос процесорите, Самсунг го докажа своето технолошко лидерство во перформансите, релијабилноста и иновативните пакет решенија. Преку Прогресивниот Програм за ПолуПоводници, Самсунг и Ауди ќе работат заедно за да го обезбедат најдоброто искуство со Инфо-Забавниот систем во возилата на она ниво на автомобилски квалитет кое се очекува од бренд како Ауди.“ изјави Алфонс Фалер, Раководител на Сектор за Развој на Инфо-Забавниот систем во Ауди.

Навистина сме возбудени што сме дел од автомобилската технологија која напредува брзо. Самсунг е целосно посветен на обезбедувањето на робустни и сигурни решенија со високи прформанси за овозможување на ново, напредно ниво на возачко искуство за Ауди.“ – изјави Чарли Беј, Извршен Потпретседател на Сектор за Продажба и Маркетинг на LSI Системи, Самсунг Електроникс.

Со повеќе оперативни системи и поддршка за повеќе дисплеи, водечките Ексинос процесори може да поддржат до четири различни домеини и дисплеи интегрирани во возилото во исто време. Перформансот за брзо пресметување и графичка обработка на Ексинос процесорите овозможува кориснички интерфејс на дисплеите со висок квалитет на графика за поголема корисничка вклученост.

Од 2010 година, Ексинос процесорите на Самсунг се интегрирани во „смарт“ уредите со највисоки перформанси, почнувајќи од паметните телефони и лаптопи, се до навигациските системи, овозможувајќи го најдоброто потрошувачко искуство. Преку имплементирањето на напредната технологија и оптимизација за автомобилите, Самсунг е посветен на овозможување на врвни перформанси за побезбедно и попријатно возачко искуство.

За повеќе информации за Ексинос производите на Самсунг, посетете ја страницата www.samsung.com/exynos

Претходна статија35 години Олимпиа Моторс – 100% ориентирани кон грижата на возилата на нашите клиенти
Следна статијаZTE Hawkeye е смартфон кој ги следи вашите очи и се лепи на секоја површина