Барселона Шпанија, 06.02.2017Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics) на овогодинешното издание на Еурофорум, кое се одржа во Барселона, демонстрираше дека нивинте иновации придонесуваат за олеснување и подобрување на секојдневието на своите потрошувачи.

Како лидер во креирањето на Екосистеми во кои нивните производи и услуги се совршено поврзани, и оваа година Корејскиот гигант претстави цела палета производи, создадени да го збогатат потрошувачкото искуство и да го воздигнат чекор повисоко.

Во фокусот на овогодинешниот форум Самсунг ја претстави својата последна иновација од областа на ТВ технологијата – новата QLED серија.

Оваа 2017 година ќе биде одбележана со голем пресврт во индустријата на визуелните дисплеи, воведувајќи нè во ерата на QLED. Со напредокот на QLED телевизијата ја овозможуваме најреалната слика на екраните. Успешно ја надминавме неконзистентноста од минатото во гледачкото искуство додека ја редефиниравме фундаменталната вредност на телевизијата.“ – изјави ХиунСук Ким, Претседател на Дивизија за Визуелни Екрани, Самсунг Електроникс.

Најдобриот квалитет на ТВ слика досега!

Новите ТВ модели нудат драматично подобрена перформанса во однос на бојата, прикажувајќи го DCI-P3 просторот на бои прецизно. Новите QLED телевизори овозможуваат репродуцирање на 100% од волуменот на бојата. Ова означува приказ на сите бои во било кое ниво на осветленост, дури и во најмалите разлики видливи при највисока осветленост на екранот, помеѓу 1.500 и 2.000 нити.

Волуменот на бојата претставува боја која може да биде изразена на различни нивоа на осветленост. На пример, листот може да биде перцепиран со различни нијанси, започнувајќи од жолто зелена, па се до тиркизна, во зависност од осветленоста. Ова прикажување на детални бои потешко се прикажува на традиционалните 2D  модели.

Со QLED телевизорите ги решивме проблемите со кои сите се соочуваа – несредени кабли, монтирање во дебели ѕидови, голем број на уреди поставени околу ТВ екранот. Со новите модели од 2017 година фокусот е онаму каде што треба да е – на содржината на ТВ екраните, а не на се околу нив.” – изјави Дејв Дас, Постар Заменик Претседател на Дивизија за Маркетинг Решенија за Потрошувачка Електроника, Самсунг Електроникс Америка.

Во 2017 година Самсунг е фокусиран на континуираната еволуција на нивната Самсунг Смарт ТВ понуда, овозможувајќи им на луѓето едноставно, унифицирано корисничко искуство, без разлика на нивната моментална локација. Со Самсунг паметниот далечински управувач потрошувалите може да останат поврзани со своите ТВ уреди преку еден извор, со еден уред.

Успешниот Family Hub сега достапен за повеќе модели

Покрај збогатените ТВ екрани, Самсунг својот фокус го насочува и на целокупниот “Смарт“ дом. Како дел од ова, тие континуирано се инспирираат од поврзаната кујна и оваа година го претставуваат нивното најново издание на Family Hub 2.0 ладилникот.

Понесени од успехот на Family Hub, Family Hub 2.0 ќе биде достапен за широкиот спектар на популарните модели со 3 или 4 Француски врати, како и на постоечката Флекс линија со 4 врати, овозможувајќи им на потрошувачите да одберат кој ладилник најдобро ги задоволува потребите на нивното домаќинство.

По само една година достапност на пазарот, Family Hub го транформираше концептот на поврзаната кујна овозможувајќи им на корисниците да прават набавки на намирници, да се поврзат со семејството и пријателите и да пристапат кон забава од удобноста на својата кујна. Воздигнувајќи ја флексибилноста и функционалноста на ново ниво, Family Hub 2.0 е целосно посветен на помаѓање на потрошувачите во подобро менаџирање  како и уживање во нивните животи.“ – рече Бијунг Сам Сео, Претседател на Дивизија за Апарати за Домаќинство, Самсунг Електроникс.

Со Family Hub 2.0, употребливоста и менаџирањето со храната значајно се подобрени преку интегрирање на интуитивна апликација. На пример, потрошувачите може да увидат кои прехрамбени продукти треба да бидат заменети преку внатрешните камери. Фотографиите од овие камери може да видат додадени на листата на продукти за набавка, и нарачани преку апликацијата “Groceries“  на MasterCard. Дополнително, апликацијата “Recipe“, овозможена од AllRecipes, вклучува читање на рецептот и зголемување на текстот со цел овозможување на потрошувачите истовремено да извршуваат повеќе задачи во кујната.

Самсунг со иновативни решенија во Категоријата на Вградливи Уреди

Во склад со посветеноста на компанијата за инвестирање во категориите во кои со својата експертиза и иновација може да ги збогатат животите на потрошувачите, Самсунг ја прикажа својата линија на паметни вградливи уреди за готвење. Новата линија вклучува различни модели на вградливи двојни и единечни ѕидни печки и вградливи плотни на гас, вградливи индукциски плотни, вградливи електрични плотни и бградливи кујнски аспиратори кои беспрекорно се вклопуваат во секој нов кујнски дизајн. Сите вградливи уреди на Самсунг се паметни и опремени со Wi-Fi конекција, што овозможува нивен старт , контрола и исклучување со помош на далечински управувач или следење на своите смартфони.

Како дел од палетата производи прикажани на Еурофорумот, Самсунг ја прикажа и иновативната и популарна линија на POWERbotTM правосмукалки – VR7000. Новиот модел има моќно вшмукување и тенок дизајн – со помалку од 97 милиметри, тој е помал од претходните робот-правосмукалки на Самсунг.

Нов, тенок дизајн, помоќно чистење

Главната функција на овој модел овозможува доближување до ѕидот од 15 милиметри што овозможува лесно собирање на прашината. Дополнително, Auto Shutter функцијата ги задоволува барањата за автоматско намалување на бариерата со цел поуспешно собирање на прашината насобрана околу рабовите.

Попријатни простории со  Wind-Free™ уредот за климатизација на Самсунг!

Следејќи го големиот успех на Wind-Free™ – самостоечкиот уред за климатизација, Самсунг го представи и својот прв, наградуван уред за климатизација Wind-Free™  кој се монтира на ѕидот. Моделот AR9500M има ексклузивна интегрирана Самсунг Wind-Free™ Cooling технологија во својот дизајн, овозможувајќи им на потрошувачите поладни простории и оптимална заштеда на енергија, без непријатна, директна изложеност на ладно струење.

Претходна статијаПротече Windows 10 Cloud – еве кои се предностите и недостатоците на новата верзија
Следна статијаApple порано ќе почне со производството на iPhone 8