Прв светски cinema-ready LED дисплеј кој ќе ја импресионира публиката со извонредна боја, светлина и контраст

Лас Вегас, 28. Март, 2017 – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го претстави својот најнов визуелен дисплеј – Samsung Cinema Screen. Како прв светски High Dynamic Range LED театарски дисплеј, кино екранот обезбедува досега невиден квалитет на слика и со поголема енергија и прецизност ги оживува филмовите и другите содржини на екранот.

Самсунг официјално ќе го промовира кино LED екранот во низа претставувања во период од 27. до 30. Март, 2017 во “Cinemark Century Orleans 18 and XD“ театарот, лоциран во хотелот “The Orleans Hotel & Casino“. Премиерата ќе се совпадне со соседната CinemaCon 2017 конференција, најголемиот и најзначајниот собир за филмската и театарска индустрија, со присутни од повеќе од 80 земји ширум светот.

Samsung Cinema Екранот со своите 34 фута (34 ft =1036,32 cm) е лесно прилагодлив на модерните театарски димензии. Покрај тоа, во обезбедувањето на LED квалитет на слика во 4K (4,096 x 2,160) резолуција, екранот исто така ги надминува високо ценетите DCI спецификации кои се користат за да се обезбеди еднаквост и високо ниво на технички перформанси, сигурност и квалитет во дигиталното кино. Како резултат на тоа, новите перформанси на Самсунг екранот ја надминуваат традиционалната технологија за проекции, визуелните способности за реалистична презентација и загарантирано ќе ги импресионира дури и најискусните обожаватели на забавата.

Со зголемување на популарноста на напредните домашни системи за забава и стриминг платформи, театрите мора да се репозиционираат како дестинација за неспоредливо доживување при гледањето на содржините, со квалитет што потрошувачите нема да можат да го добијат на ниту едно друго место. Нашата нова Cinema Screen технологија носи посилна и високо-квалитетна слика на големиот екран, креирајќи средина каде гледачите ќе се чувствуваат како да се дел од секоја сцена.“ рече Санг Ким (Sang Kim), Подпретседател на Самсунг Електроникс, Америка.

Кино екранот со Direct-Lit LED технологија обезбедува High Dynamic Range (HDR) во кината, а изложените содржини се со врвно осветлување скоро 10 пати поголемо од она што ги нудат стандардните кино проектори (146fL versus 14fL) со подобрена еднаквост и ослободување од оптичкото нарушување и попречување. Оваа футуристичка изложба исто така нуди висока прецизност и супериорно претставување на боите видливи со окото на гледачот. Комплементарниот ултра-контраст и прилагодувањето на ниските тонови на сиво овозможува екранот да ги покажува и најсветлите бои и најдлабоките црни нијанси речиси бесконечно: 1 сооднос на контрастот.

Иновацијата на Cinema екранот ќе одговара на иновативните аудио решенија поддржани од Harman Professional Solutions’ Cinema Групацијата (по неодамна комплетираната постапка за аквизиција) и  Samsung Audio Lab. Дополнителни детали за оваа комбинирана еволуција во кината – “Sight & Sound“ допрва претстојат.

Harman се возбудени да ја продолжат соработката со тимот на Samsung Cinema Screen и со Samsung Audio Lab. Со нашата експертиза во кино звук системот сакаме да допринесеме во одржувањето на лидерската позиција на Самсунг во решенијата за визуелен диспеј во театрите.“ – изјави Брајан Дивајн (Brian Divine), Потпретседател на Tour and Cinema Solutions Групацијата.

Со развивањето на барањето за кино простор, Samsung Cinema Screen нуди флексибилност со цел задоволувањето на различните потреби на публиката. Екранот ги подржува своите напредни можости за презентирање на условите за амбиентално осветлување, без разлика на избраната содржина на екранот. Исто така, им овозможува на корисниците користење на нивните кина за корпоративни настани, гледање на концерти и спортски настани, како и гејминг натпревари.

„Лансирањето на нашиот LED кино диспеј е само последнот чекор кон нашата визија за целокупно тетарско доживување поддржано со дигитална сигнализација. Преку современите технологии, почнувајќи од екраните на допир, киосците за самоиздавање на влезници, па сè до дигиталните табли со мени и интеракривни филмски постери, Самсунг веќе им помага на театрите да ја подобрат вклученоста на потрошувачите и зголемувањето на оперативната ефикасност. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да служиме како целосен провајдер за решенија во театарската индустрија и да пронаоѓаме нови и возбудливи начини за подобрување на искуството на потрошувачите.“ – изјави Сеог-Ги Ким (Seog-gi Kim), Сениор Потпретседател за Бизнис со Визуелни Дисплеи во Самсунг Електроникс. „ “

Кино екранот на Самсунг моментално е во процес на DCI сертификација и неодамна го заврши тестирањето на Кеио Универзитетот (Keio University) во Токио.

Претходна статијаРСБСП – Совети и правила за мотоциклисти
Следна статијаНезаборавни моменти го отсликаа Nike Air Max Day