Скопје, 17. март 2017 – Самсунг (Samsung) на Меѓународниот форум за Дизајн 2017 (International Forum Design 2017) освои 49 “iF Design” награди, вклучувајќи и едно златно признание. На компанијата и се доделени триесет и пет награди за супериорен дизајн на производи, четири награди за стручен идеен концепт, седум награди за комуникациски материјали и три за дизајн на амбалажа.

Лесно е да се унапреди производот, но тешко е да се унапреди животниот стил на корисникот. Ќе продолжиме да се занимаваме со дизајн кој ги забавува нашите корисници и ги исполнува нивните животи, служејќи се со иновации насочени кон нив.” – изјави БК Јун (BK Jun), Претседател и Генерален Директор на компанијата Самсунг.

Самсунг е добитник на златната награда за ArtPC Pulse, премиум десктоп компјутер со напредни модули кои може да се прошират. ArtPC Pulse го интегрира компјутерот со високи перформанси во префинет цилиндричен облик. Овој уред може да ги прошири своите функции со дополнителни модули за чување на податоци на HDD диск и со звучници од 360°, вградени во ротирачка структура која може да се одвои од самиот уред. Наградениот дизајн на ArtPC Pulse компјутерот опфаќа минималистички пристап со неговото целосно метално куќиште и копчиња и приклучоци кои се наоѓаат на задната страна на производот.

Покрај златната награда, Самсунг освои уште 34 други “iF Design“ награди во категоријата “Производи“:

  • Galaxy S7 – премиум телефон дизајниран со помош на технологијата за 3D обликување на стаклото со која се подобрува ергономијата на уредот;
  • Gear S3 – паметен часовник со иновативен кружен циферблат и ротирачки кориснички интерфејс;
  • Level Box Slim – џебен пренослив звучник кој покрај неговата примарна функција е и екстерна батерија со која можете да ја дополните батеријата на телефонот по потреба, а која дополнително се одликува со отпорност на вода и лесно можете да го користите и во тоалетот, покрај базенот или на плажа;
  • SUHD TV KS9500 – премиум телевизор со одличен дизајн од 360° кој е составен од “летечки“ екран од предната страна и деликатна метална линија од задната страна;
  • RB38K7998S4 – Smart Family Hub фрижидер со LCD екран од 21,5” осетлив на допир кој на корисниците им овозможува да управуваат со своите залихи на храна, како и да ја видат содржината на фрижидерот без отворање на неговата врата.

Во организација на Меѓународниот Форум за Дизајн (International Forum Design), “iF Dizajn“ наградите се основани во Германија во 1953 година.

Претходна статијаSony патентира безжично полнење меѓу два смартфони
Следна статијаАпликации кои “тивко” го трошат Вашиот мобилен интернет