oxygen_Forum_official

OnePlus е кинески производител на мобилни телефони кој што почна со работа не толку одамна, односно при крајот на 2013 година. Тој стана познат помеѓу корисниците поради претставувањето на OnePlus One, нивниот прв телефон кој што дојде со одлични спецификации, но и најважното, популарниот CyanogenMod оперативен систем.

Сепак, информациите кои што излегуваат во последниот период, покажуваат дека соработката помеѓу овие две компании не оди баш најдобро, па од OnePlus размислуваат да направат своја верзија од отворениот Android оперативен систем.

Cyanogen, иако се’ уште непотврдено, изгледа ќе оди во друг правец кој што ќе го вклучува до некаде и Microsoft или барем нивните сервиси, доколку се точни информациите за инвестирање од страна на компанијата во Cyanogen.

Од OnePlus официјално излегоа со информацијата дека тие ќе претстават нивна верзија на оперативен систем која што нема да биде направена или базирана на Cyanogen. Повеќе информации може да се очекуваат во наредните недели, а сега се што е објавено е дека системот ќе биде наречен OxygenOS.

Името доаѓа од еден од членовите на заедницата на поддржувачи на OnePlus, а од компанијата исто така истакнуваат дека тоа има и поголемо значење. Според нив кислородот е олицетворение на едноставноста, а во исто време тој е навистина моќен.

OxygenOS ќе биде едноставен систем базиран на Android, кој што ќе доаѓа со можности за прилагодување, ќе биде отворен, како и нема да содржи непотребни апликации и функции.

Извор: OnePlus, Engadget

Претходна статијаBill Gates исто така загрижен за опасностите од вештачката интелигенција, се чуди зошто некои луѓе не се
Следна статијаGoogle Earth Pro достапен бесплатно за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.