• Започнува регистрација за највозбудливата потрага во Македонија – потрагата по новиот iPhone X
  • Потрагата е закажана за 11.2017 година, во 11 часот, на Плоштад Македонија, Скопје

Македонски Телеком го објавува почетокот на највозбудливата и најголемата потрага по скриено богатство во Македонија – новиот и неодолив iPhoneX.

Сите корисниците на Македонски Телеком коишто сакаат да се вклучат во оваа возбудлива потрага најпрво ќе треба да се регистрираат преку веб страницата osvojx.mk.

Регистрацијата која започнува денеска се прави преку Фејсбук профил, при што при пријавувањето за натпреварот, корисникот треба јавно да објави своја фотографија во која ќе ја имитира буквата „X“ со своето тело. Доколку пријавата е валидна, корисникот ќе добие потврда со што ќе може да учествува во потрагата за iPhone X.

Големата потрага е закажана за 26.11.2017 година, во 11 часот на Плоштад Македонија во Скопје. Повеќе информации за правилата може да се најдат на следниот линк: osvojx.mk. Дополнително, корисниците можат да ја следат возбудата и на фан страницата https://www.facebook.com/TelekomMK/.

Долгоочекуваниот iPhoneX пристигнува во земјава и ќе им биде на дофат само на најупорните и најснаодливите учесници во потрагата. Вклучете се во потрагата и очекувајте добра забава!

Претходна статијаTesla Semi – футуристички електричен камион влекач кој може да помине дури 800 километри на едно полнење
Следна статијаTesla лансира супер скапа екстерна батерија која личи на “Supercharger”