Подарувањето е најубав момент кој е метафора за надеж и добри желби, особено во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници кога позитивната енергија се зголемува. Добро осмислениот и креативен подарок секогаш е прифатен со одушевување, но пронаоѓањето на истиот може да претставува вистински предизвик. Но што е денес добар подарок? Предмет кој ќе има корисна и визуелна вредност, што ќе остане долго во поседување на корисникот, кој ќе предизвика радост….Доколку оваа година сакате навистина да одушевите некого или пак да се одушевите себе си со подарок направете паметен избор и подарете или подарете си Dell лаптоп.

Постојат три основни причини зошто Dell лаптоп e најдобриот новогодишен подарок за 2017 година.

Трајни уживања
Кај изборот на подарокот важно е да знаеме дека уникатните подароци кои не се на “листата” на традиционални подароци докажано будат долгорочното позитивно сеќавање за моментот на подарување и личноста која ни го подарила. Затоа знаејќи го добро познатиот факт дека секој од нас постојано има потреба од добар  и квалитетен лаптоп, а Dell лаптопите важат за едни од најдобрите и нај “ user friendly” лаптопи создадени буквално да ги задоволат сите ваши потреби, со купување на овој подарок може да бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор.

Одлични перформанси
Dell важи за компанија која и тоа како ја следи хајт-тек индустријата во производството на своите лаптопи. Па затоа без оглед за која серија на лаптоп ќе се одлучите дали Inspiron, XPS или Alienware ќе добиете современ модел на лаптоп, со одличен дизајн и перформанси, ефикасен и квалитетен со уникатна гаранција на производот од три години.

Можност за уште поголема добивка
Со оглед на тоа дека грижата за корисниците на Dell е најважна за компанијата, во месец декември и јануари компанијата заедно со овластениот дистрибутер за Македонија ИТД Дистрибуција, подготвија наградна игра во која секој кој ќе купи лаптоп добива можност да добие вредна наградна. Па покрај тоа што со подарокот ќе израдувате некого можеби токму вие ќе бидете среќен добитник на зимување, лаптоп или смарт телефон.

Затоа доколку се одлучите да подарите Dell лаптоп искористете ја оваа можност и приклучете се во наградната игра Dell доделува. За учество потребно е во периодот од 10.12.2016 до 31.01.2017 да купите Dell лаптоп и потребните информации да ги испратите во ИТД Дистрибуција. Со тоа станувате потенцијален добитник на зимување за двајца во најпопуларниот ски центар Ischgl во Австрија, Dell лаптопи и смарт телефони.

Претходна статијаКритична маса #56: Во 2017-та со повеќе точаци
Следна статијаKoлку внимателно го гледавте Star Wars: Rogue One?